Љубов кон јавна личност

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Фала на комплиментот :) а ако сакаш да се увериш како ми е шугава фацата кажи ;)
И јас имам либе и ги разликувам тие врсти на љубов.
Нема потреба, а за тоа дека ги разликуваш видовите љубов, чисто се сомневам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Нема потреба, а за тоа дека ги разликуваш видовите љубов, чисто се сомневам. :)


Па сигурно нема да сакам да спијам со Јелена. Боже боже. Абе мисли шо сакаш :) битно е ја шо знам и мислам ;)
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Мене Џастин Тимберлејк ми беше дечко во петто одделение.
Ама тогаш бев петто.

Искрено, тинејџерската љубов кон ѕвезда е сосем нормална појава, ама се што се траска од земја по селебрити а е постар/а од 18 години...

(shake)(shake)(shake)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Како може да сакам личност која не ја познавам и со која немам разменето два реда искрен муабет? :eek:
Не мислите оти „љубов“ е прејак и нелогичен збор за оваа појава?
Видете, огромен број од јавниве личности ни осминка не се ко што се претставуваат по емисии и на интернет, па мајке ми, ние не сме исти на нет и во живо, не пак некој што добива секојдневен притисок од јавноста да остави совршена слика за себе.
Стриктно за дотичнава ЈК, не дека нешто ми е познат поим, ама што имам тук и таму налетано на нешто поврзано со неа, типкава е движечка ароганција (не, не може да се вадиме со она „Богата е и славна, и’ се може“) и глупа ко сајла.
Ако сте ја читале Покојна Милева какви шпици удара на Јеленчево, е, тоа е правата слика за оваа „дива“, мех...
Општо не чини таква „љубов“, да не речам (а ќе речам) болна опсесија кон некого.
Па јас за домашниве бре не знам работи кои фановиве ги знаат за своите омилени ѕвезди. Страшно.

Кога апла ме дрмаа хормони пред некоја година, имав огромни симпатии кон Слеш од млади години, што ко музичар, што ко појава, ама не се опседнував така, зошто, реално гледано, глупо е и нелогично. Човекот е сега во свои 50ти години, татко може да ми биде, чуму би ми било така да се занесувам? Дури пред година дена случајно прочитав дека имал жена и деца.
Ајде тоа, па и во цут на младоста нека е, ко Биберче, лигушине од таа 1Д или било кој...и? Личност по која лудуваат милиони, баш случајно ќе ни се преплетат судбините, ќе снимаат спот/филм во мојот град и случајно ќе се сретнеме, па после првиот поглед ќе им стане јасно дека сум им судена.
Или ќе ги манијачам по интернет, па ќе си замислувам сценарија како и јас сум со нив моментално...што?
Убаво е да си фан и да цениш нечиј труд и работа, ама искрено, страшно е за јавниве личности да заспиваат со помисла дека некој ги демне во чекор. А пак и дека овие се глупи да споделуваат повеќе приватност од потребно, во очајни обиди за повеќе слава, глупи се. Посебно нашиве балкански самопрогласени ѕвезди.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Electra кој муабет бе чоече ? ма денеска у фаца треба да го/ја гледаш само бе .. доволно е тоа. Тоа е љубов денеска .. остај ти дали знае да направи два реда муабет или не ..
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
леле леле цел час ми отиде во читање на темава .. темава преминува во болест ...
љубов кон јавна личност додека не ја запознаеш и не заживееш со неа не може ! да ви е јасно ...
а идоли сите си иаме ;)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Абе ја не знам шо се утепуете да разграничите што е љубов а што опседнатост коа тука скоро сите го имаме истиот став. Велам „скоро“ затоа што некои едноставно побркале лончиња уште од мали години и не знаат ни за идолизирање не па за љубење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
леле леле цел час ми отиде во читање на темава .. темава преминува во болест ...
љубов кон јавна личност додека не ја запознаеш и не заживееш со неа не може ! да ви е јасно ...
а идоли сите си иаме ;)
Е како па да не.
Јас Нина Добрев ја сакам иако немам живеено со неа - во реалноста, инаку во соништата си имаме куќа во Малага, Шпанија (inlove)