Значи и јас бев во потполно иста ситуација како тебе пред 5 ипол години, многу се сакав со тој дечко и се ни беше нај нај, само што јас бев помала од тебе, 18 имав кога го запознав овој другиов и се залетав по него. Викаат не го менувај оној што го сакаш за некој што ти се свиѓа, и таа и си е... Али јас и он си знаевме дека на врската ќе и дојде крајот кај и да е, ако не во август во октомври сигурно. Јас си имав веќе почнато и со другиот да се гледам, и дечко ми дозна т.е. не фати, нема врска шо како, се накурчи ама нејќеше да остане без мене небитно што јас сум била со друг, и нејќеше да раскинеме, како неможел да живее без мене бла бла... Али јас настојував да прекинеме додека е време, и прекинавме, се гледавме на тренинзи дека заедно трениравме баскет и се мувакавме онака и еден ден нејќеше да ме баци, зашто затоа што си почнал да се гледа со друго девојче (и до ден денес си се заедно) и мене ми беше уствари могу мило што си нашол друга дека јас веќе си го имав другиот. Арно ама другиов излезе дека е така малку приглуп си одевме некои 5-6 месеци и ми отиде во Маврово, нема врска, животот продолжува понатаму, јас сеуште си мислам дека на време си ја завршив таа врска, али овие 5 години да ти кажам право се изнаживеав така како што тие 3 години не сум живеела
Се изнашетав, се испозапознав со миљон луѓе од целиот свет, си фатив преклани дечко од Америка и се некои нови дешавки ми се слуќуваат, што мислам дека ако продолжев со него да одам немаше ни да сонувам дека ќе ми се случат
Не викам дека ми беше лошо со него, ама од 15 години да се врзеш толку со некој не чини баш баш...
Туку муабетот ми беше за тебе, девојче прави што ти душа сака додека можеш, после 30 години нема веќе толку лудувања
Живеј си го животот 200 на саат, пробувај, ризикувај, жетај, лудувај и за ништо да не се каеш во тешкиов живот. Е тоа ти е совет од дада Трабл