Ќе ги скокнам сите останати мислења пишани околку твојот моментален проблем (иако ги прочитав) и ќе ти дадам мое.
Какво испарување осети? Што точно почна да испарува? Дали стапи во контакт со неа денес и дали планираш да останеш понатака?
Ова ти го поставувам за да ти предочам кои се можните последици.
Да видиме редом што до сега си се здобил а што може да биде крајно погубно.
Имаш другарка во која со тек на време чувствата ти скренале на другата страна, си се двоумел едно време да и` кажеш, страв од одбивање тиреков мирече. И на крај си собрал муда и си и` признал. Толку за сега.
Сеа за нејзините реакции... Сериозно, нема за што многу да се нервираш. Но бидејќи работата е многу блиска, во моментот филмот ти е влезен дека си изгубил голема другарка.
Ти не си изгубил ништо. Со други зборови, твоето другарство со неа е одамна осудено на пропаст, најпрво заради твоите чувства кои ти како и секое живо битие на планетата изродиле нешто сосема различно од оноа што можеби таа очекувала.
Да ти илустрирам посликовито. Нејзината блискост се заснова(ла) во тоа што мислела дека вечито ќе може да смета на тебе како место каде би можела да добие грам утеха, но не и оноа што ти го бараш од неа. На еден начин тоа е егоистично, бидејќи со самото тоа што ти и` имаш признаено нешто што лично ти чувствуваш кон неа, таа го сфаќа како пропаст наместо да го приграби и добие премија. Нејзините чувства секако со тек на време ќе се оповргнат во твоја корист... бидејќи.... женска психологија функционира така. Наместо тоа, она несвестно има поништено нешто за кое има огромен страв бидејќи моменталната ситуација не и` ги диктирала чувствата така. Така да, пак ќе се повторам, ти не си во губиток... она е. Само се` уште не е доволно свесна. А ќе се свести многу подоцна а можеби и никогаш пошто нели... другарството сега само си го покажува својето површно лице - нејзината релација со тебе и причините зошто она тебе те сметала за другар а не за нешто повеќе.
А што имаш добиено.... Искуство. И тоа многу многу големо, за кое уште ни сам не си свесен, но иако ќе ги носиш на себе тие рани доста долго (можеби и доживотно), ќе знаеш како НЕ треба да настапуваш со следната девојка. Можеби лошо звучам, но единствената твоја грешка која несвесно си ја направил е што си се приближил преблиску до нејзината душа за да подоцна изградиш од неа нешто совршено, но во реалноста совршенството се гради многу подоцна и по сосема друг редослед. Скоро и да не постои машко кое не ја има направено истава грешка во одреден период од својата младост и неукост бидејќи машката психологија работи исклучиво сукцесивно - учиме од грешките што порано сме ги правеле. Затоа и сме толку едноставни за читање на малку поискусните девојки. Следната што ќе ја запознаеш и ќе ти го сврти умот секако дека ќе го прочита сево ова што го имаш искусено.... и ќе видиш како ќе изреагира. Секако ти ќе инсистираш на гледање со неа на база дечко и девојка а не пријатели, бидејќи нели... искуство од минатото, изгореници and shit. И она ќе избере дали да остане со тебе или не. Ако е да, тогаш тоа ќе има сигурен потенцијал да процути во стабилна врска. А со стабилна врска одат и други сосема различни од овие погоре предизвици. Ама за тоа е уште рано.
За ова сега во моментот ти кажав дека е крај. Дали вреди да си го губиш времето да поправиш нешто? Не. Истотака, дали си свесен дека ќе го губиш времето да поправиш нешто? Истотака, не
. А како да станеш свесен? Никој за жал не може тука да ти каже како. Но ќе станеш. Со време.