Во Ресен има две куќи(има и други) за кои што се зборува дека се опседнати...
Првата куќа е на патот за Битола во близина на Агроплод, куќата порано била затвор и од мачење умреле многу затвореници...подоцна бил затворот урнат и на негово место била изградена куќата, но сопствениците по кратко време се иселиле затоа што слушале гласови и крикови за помош...подоцна и други сопственици се иселиле поради истата причина, пред две-три години куќата ја урнаа и изградија нова но замислете истата сега ја користат како магацин за јаболка и никогаш не се вселија во истата поради засега за нас непознати причини.
Исто така има куќа скоро секој ден поминувам покрај неја на местото викано ѓупски рид (населба во Ресен) која е огромна и грандиозна градба абила само кратко време населена поради тоа што била направена врз муслимански гробишта и сопствениците биле сведоци на паранормални активности, движење на маси. кршење на чаши столовите се поместувале...мислам дека можам да набавам некоја слика од надвор од куќата...