Вицови

Pterodactyl

Нов член
18 февруари 2012
10
5
3
Некој по грешка го затвараат во лудница и ги организира сите да бегаат. Кога веќе ја поминале оградата тој им рекол:
- Другари главната проба заврши ќе бегаме утре.

Кој витамин го има најмногу кај овците?
- Беее!


Трпана му се јавува на телефон на Трпе и му се дере:
- Каде си ти идиоте??!!!
- Драга, ти текнува ли на онаа златарата каде ти се заљуби во едно ланче за кое ти реков дека еден ден ќе биде твое?
- Дааааааа, и?
- Е, јас сум сега во кафаната спроти златарата.


Влегува наркоман во аптека
- Дајте ми го најјакиот опиат!
- Рецепт имате?
- Да имав рецепт сам ќе си го направев!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and The Tramp

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Полицаец се враќа порано од работа. Влегува дома и слуша чудни звуци од спалната. Влегува во спалната и ја гледа жена му како лежи гола во креветот.
Што се случува?Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!
Полицаецот се стрчува и го среќава малиот син.Тато, чичко Пејо се крие во плакарот.
Полицаецот се враќа во спалната соба, го отвора плакарот и внатре го гледа својот сосед.
Абе Пејо, жена ми умира, а ти играш криенка со син ми
 

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
Полицаец се враќа порано од работа. Влегува дома и слуша чудни звуци од спалната. Влегува во спалната и ја гледа жена му како лежи гола во креветот.
Што се случува?Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!
Полицаецот се стрчува и го среќава малиот син.Тато, чичко Пејо се крие во плакарот.
Полицаецот се враќа во спалната соба, го отвора плакарот и внатре го гледа својот сосед.
Абе Пејо, жена ми умира, а ти играш криенка со син ми

:rofl :rofl :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee, Blondie and Glorry

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Два мајмуни разговараат:
Кога повторно би се родил би сакал да се родам како човек, па би се оженил со убава, млада, девојка.
И така повторно би станал мајмун!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Во циркуска арена влегува познат скротител на крокодили и води крокодил покрај себе: - Денес, дами и господа ќе присуствувате на невидена атракција:
Ќе ставам пенис во устата на овој крокодил.
Скротувачот ги откопчува пантоланите, го вади пенисот и го става во отворената уста на крокодилот. Во арената се разлева ракоплескање.
- Момент господа, сеуште не е готово, вели скротувачот и почнува да го удира крокодилот со шише по главата.
Крокодилот воопшто не се помрднува и повторно ракоплескање во арената.
-Како што видовте, точката совршено успеа. А сега…Има ли некој од публиката што би сакал да се обиде?
Рака крева една плавуша од првиот ред:
- Јас, но ако ветите дека нема да удирате по глава со шише.
 

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Влегува плавуша во продавница за бела техника и прашува: „Имате ли телевизори во боја?“ – „Имаме.“ – „Тогаш, дајте ми еден зелен.“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee and Psychobilly

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
Влегува плавуша во продавница за бела техника и прашува: „Имате ли телевизори во боја?“ – „Имаме.“ – „Тогаш, дајте ми еден зелен.“
Сигурно ваков е барала
home_20091119_statgreentv_banner.jpg
 

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
262
369
63
Колку форум членови се потребни за да се смени сијалицата ?
1 да ја смени сијалицата и да креира нова тема во форум дека сменил сијалица
14 да споделат слични искуства за мењање сијалици и како можела сијалицата да се смени на други начини
7 да предупредат дека мењање сијалица може да биде опасно
1 да ја премести темата во форумот „Осветлување“
2 да се спречкаат околу тоа и да ја преместат темата во форумот „Електрика“
7 да укажат на правописните грешки во темата мењање сијалица
5 да ги критикуваат оние кои укажале на правописни грешки
3 да најдат правописни грешки во критиките кон оние кои укажуваат на правописни грешки
6 да се караат дали е правилно „сијалица“ или „светилка“
6 да ги класифицираат претходните шест како глупи
2 професионалци од светлечката индустрија да ги информираат останатите дека правиот назив е „електрична светилка“
15 сезнајковци кои тврдат дека и тие се занимавале со светлечката индустрија порано и дека терминот „сијалица“ е валиден
19 да напишат дека овој форум не е за сијалици и да се продолжи со дискусијата на форум за сијалици
11 да го бранат тој што ја започнал темата во овој форум, тврдејки дека сите ние користиме сијалици и за тоа темата и коментарите се важни и применливи и за овој форум
36 да дебатираат кој метод за мењање сијалици е најефикасен, каде се продаваат најдобри сијалици и кои брендови сијалици се добри/лоши
7 да објават линкови до сајтови каде може да се видат различни типови сијалици
4 да напишат дека претходните линкови се неправилно напишани и да ги напишат на ново и правилно
13 да ги цитираат во еден коментар сите досега објавени коментари (целосно дури со потписи) и на крај да напишат „и јас исто“
5 да напишат дека веќе нема да праќаат коментари пошто не можат да се соочат со контроверзноста околу сијалиците
4 да кажат „зар не имавме ваква дискусија пред некое време?“
13 да кажат „прво иди на Google и пребарај малку за сијалици, а после објавувај нови теми во форумот“
1 нов форумџија да коментира на темата после 6 месеци одкако е креирана (и се да почне од ново) :rofl
 

iskra

Староседелец
21 октомври 2011
204
300
1,063
Хумор
Разлика помеѓу машко и женско пријателство!
razlika-pomegju-masko-i-zensko-prijatelstvo-povekje.jpg
Една ноќ жената не се вратила дома, а кога мажот ја запрашал каде спиела, таа му одговорила дека спиела кај една пријателка. Што направил тој?

Пријателство помеѓу жени
Една ноќ жената не се вратила дома, а кога мажот ја запрашал каде спиела, таа му одговорила дека спиела кај една пријателка.
Мажот се јавил кај десет нејзини најдобри пријателки, но ниту една тоа не го потврдила...
Машко пријатeлство
Една ноќ мажот не се вратил дома, а кога жената го запрашала каде спиел, тој и одговорил дека спиел кај еден пријател.
Жената се јавила кај десет негови најдобри пријатели, осум од нив потврдиле дека спиел кај нив, а двајца тврделе дека е сè уште кај нив.
http://www.crnobelo.com/zabava/humor/10819-razlika-pomegju-masko-i-zensko-prijatelstvo
 

Maks

Староседелец
Жена влегува во кујната и го гледа мажот и како стои со тепалка за муви во раката и се ѕвери по кујната.
Жената: Што работиш?
Мажот: Тепам муви.
Жената: И отепа ли некоја?
Мажот: Да, три машки и две женски.
Жената изнервирана: А како ги разликуваш машките од женските муви?
Мажот: Три беа на лименки од пиво, а две на телефон.