Задолжителна употреба на кирилица има колку што знам, плавилата имаат абдејт ...
За дијалектите искрено мене не ми сметаат, во најдобар можен случај имаш луѓе кои така зборуват и искрено јас немам ништо против нив. Тоа што некој тврдо зборува на кумановски, струмички, беровски, тетовски, охридски, скопски, битолски, прилепски или било кој дијалект тој самиот се става во подредена положба другите да не му обрнат внимание или да не не му пмогнат ако бара помош, да не му реплицираат или слично... Од друга страна едноставно вродено им е на некои и неможат да замента дијалектичен збор со литературен. Ај да видам некој од тетово наместо слабице да речи скали, некој од битола наместо зборваме да напиши зборуваме и безброј одруги примери. За скопско наречје не ни сакам да зборувам и мојот на момонти прилепски не бо бидува ама јбг не може се да биде совршено па така ни говорот да биде совршен.
Апсолутно никој не зборува 100% литературно, можеби некои се трудат за истото повеќе а други воопшто не обрнуваат внимание но како што реков тие вторите самите се ставаат во подредена положба гледано од страна на другите.
Препорака за да се пишува литературано за ваше/наше добро да бидеме подобро сватени и разбрани но не и правило зошто тоа апсолутно е невозможно и почнувачи од админот како прворегистриран па еве пример мене таму 340-ти па и до онај што “вчера“ се регистрилал и напишал мислење нема логички шанси постовите да ни се 100% литературни и правописно точни.