Како прво и прво нека почиваат децата во мир.
Како второ. Гледам дека многумина одма се нафрлија на албанциве дека ги убиле. Не ме сфаќајте погрешно, не дека ги бранам, нормнално на сите гледајќи ја ситуацијава моментално одма на памет ни паднаја тие ама мислам дека вакви избрзани обвиненија не е потребно да се искажуваат. Можело да биде секој. Албанец, македонец, турчин.. Мислам дека треба да почекаме малку поконкретни информации во врска со убијциве за да можеме да обвиниме некој. Сепак обвинуваш некој за убиство а не за крадење бонбончиња.
И мислам дека нашиве треба да си го прифатат фактот дека не ги биват за истражување убиства и гледајќи ја сериозноста на случајов да викнат странски и докажани истражувачки екипи. Колку и да ги кошта мислам дека вреди да ги дадат парите за да се најде и затвори психопатов шо го напрајл ова и кој шета меѓу нас и за кој не можеме да бидеме сигурни дека нема пак на направи нешто вакво.
Верувај дека се многу способни, имаат и кадар и опрема, знаење, искуство. Крим-техника или нашето CSI е стварно на високо ниво и е сосема спротивно од тоа што ти го кажуваш. Е сеа кога ќе се вмешаат дневно-политички интереси настанува калабалак и јавноста мисли дека службите задолжени за истрага не ги бива.