Црн Петок за Македонија!

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Што е толку паметно во кажаново во комантарот на Латас:eek
Јас па ќе се изненадев ако кажеше поинаку,ове е очекувано од него,се знае до која опција е близок,и се знае дека не му годи конфликти.
А кому му годат конфликти? Или треба да почнеме да се однесуваме како дивјаци, да убиваме, да палиме куќи, да тепаме Албанци притоа се уште несигурни кој човек од која националност го извршил убиството?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
А кому му годат конфликти? Или треба да почнеме да се однесуваме како дивјаци, да убиваме, да палиме куќи, да тепаме Албанци притоа се уште несигурни кој човек од која националност го извршил убиството?
А можеби ќе се плашат некои да ја кажат вистината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
А можеби ќе се плашат некои да ја кажат вистината.
Многу вистини досега биле премолчени, што од страв, што од интереси.
Но, ако и оваа биде премолчана од тие што треба да ја кажат, ние, народот, нема да ја обелодениме со дивјачко и нецивилизирано однесување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Со оглед на тежината на убиството, начинот на како тоа е сторено, има многу контрадикторности.
Пред се, децата и човекот немале криминално досие. Да, можеби имале расправии со локални албанци, но сепак тоа не е причина да некој ги построи на земја и да им пука во грб. Пукано било од три вида на оружје, што значи дека извршителите биле двајца или повеќе. Децата отишле на рибарење во попладневните часови, а последните разговори на мобилните им биле околу 18- 18:30 часот. Најверојатно убиството се случило меѓу 19 и 21 часот, бидејќи телата биле пронајдени во 22ч.
На местото на извршување на кривичното дело биле пронајдени лични карти на момчињата, што значи дека биле легитимирани, но по логиката на нештата, зашто полицајци би убиле деца (не значи дека некој друг не може да ги легитимира, но некако нема логика тоа).
Убиството е извршено на професионален, филмски начин, што го прави мотивот недоволно јасен. Истрагата треба да покаже дали убијците дошле на местото со возило или пешки, дали ќе се најдат траги од гуми на моторно возило или отисоци од чевли.
Гледајќи го теренот, видов дека се наоѓа одма до банкината на обиколницата, каде би требало да има фрекфенција од возила.
Се е во доменот на шпекулациите, а ние треба да ја следиме истрагата од медиумите.
 

zombie#

Полноправен Член
11 април 2012
72
65
18
30
Kолкав е тој психопат ке одземе пет млади животи на деца кои не били нити бандити,нити со криминално досие....Биле нормални млади момчиња.....Мислам дека најлогично е дека се меѓуетнички тензии :/ :/
И јас го кажав истото. Одма на памет ни паднаја тие, не викам не, али сакав да кажам дека неможиме да бидиме толку сигурни дека се тие. И ова го кажувам затоа што пред неколку години имаше сериски убиства во Македонија поготово Охридскиов дел, каде шо луѓето биле прво тепани, сечени со секири и слични ствари до смрт па после со комбе ги расфрлале телава на раслични локации. И тогаш значит одма ги обвинија албанците, а на крај се докажа дека беше македонец шо му е дедо на мој врсник. Затоа мислам дека не треба толку избрзано да се донесуваат вакви заклучоци.


Верувај дека се многу способни, имаат и кадар и опрема, знаење, искуство. Крим-техника или нашето CSI е стварно на високо ниво и е сосема спротивно од тоа што ти го кажуваш. Е сеа кога ќе се вмешаат дневно-политички интереси настанува калабалак и јавноста мисли дека службите задолжени за истрага не ги бива.
Можеби. Мене лично од се шо сум видела на вести за истраги некој за убиства ми оставиле впечаток дека не се ни малку способни.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Многу симптоматично е изрекувањето на казна во ова кривично дело. Ако го квалификуваат како обично убиство, тогаш ќе поминат со највеќе 15 години. Ако се испостави дека имаат помалце од 21 година, тогаш нема да може да им се изрече казна доживотен затвор.