Со оглед на тежината на убиството, начинот на како тоа е сторено, има многу контрадикторности.
Пред се, децата и човекот немале криминално досие. Да, можеби имале расправии со локални албанци, но сепак тоа не е причина да некој ги построи на земја и да им пука во грб. Пукано било од три вида на оружје, што значи дека извршителите биле двајца или повеќе. Децата отишле на рибарење во попладневните часови, а последните разговори на мобилните им биле околу 18- 18:30 часот. Најверојатно убиството се случило меѓу 19 и 21 часот, бидејќи телата биле пронајдени во 22ч.
На местото на извршување на кривичното дело биле пронајдени лични карти на момчињата, што значи дека биле легитимирани, но по логиката на нештата, зашто полицајци би убиле деца (не значи дека некој друг не може да ги легитимира, но некако нема логика тоа).
Убиството е извршено на професионален, филмски начин, што го прави мотивот недоволно јасен. Истрагата треба да покаже дали убијците дошле на местото со возило или пешки, дали ќе се најдат траги од гуми на моторно возило или отисоци од чевли.
Гледајќи го теренот, видов дека се наоѓа одма до банкината на обиколницата, каде би требало да има фрекфенција од возила.
Се е во доменот на шпекулациите, а ние треба да ја следиме истрагата од медиумите.