Вицови

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Домашната помошничка побарала зголемување на платата.
Газдарицата многу се налутила и ја прашала: „Па добро Марија, кажи ми ја причината зошто мислиш дека заслужуваш зголемување на платата?“
Марија одговара: „Не е една причина, туку се три“.
Газдарицата: „Па добро, кажи ми ја првата.“
Марија: „Првата причина поради која барам зголемување на платата е затоа што јас подобро пеглам од Вас.“
Газдарицата: „А кој го кажува тоа?“
Марија: „Тоа го вели вашиот сопруг.“
Газдарицата: „А која е втората причина?“
Марија: „Затоа што подобро готвам од Вас.“
Газдарицата: „Немој да ми кажеш дека тоа повторно го вели мојот сопруг?“
Марија: „Токму така, тоа го вели Вашиот сопруг.“
Газдарицата: „А која е пак третата причина?“
Марија: „Третата причина е тоа што сум подобра љубовница од Вас.“
Газдарицата (сега црвена во лицето): „Немој да ми кажеш тоа повторно го кажал мојот сопруг?“
Марија: „Не госпоѓо, тоа го кажува Вашиот градинар.“
Газдарицата: „Колку сакаш да ти ја зголемам платата?“
 

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Отишол Цветко во полициска станица целиот истепан со модрици, и го прашуваат:
Кој те истепа така бе?

Жена ми
А зошто?

Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашина.:D
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Една женска мисла случајно се нашла во машка глава.
Женската мисла погледнала наоколу, немало никој. Било темно и тихо. Викала мислата но никој не одговарал. После некое време покрај женската мисла поминала една машка мисла со огромна брзина.
Женската мисла се развикала:
- Ејјјјјј, кај си се затрчал, кај се сите останати?!
Машката мисла:
- Е како каде – сите се долу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blondie and The_Mayor

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Една женска мисла случајно се нашла во машка глава.
Женската мисла погледнала наоколу, немало никој. Било темно и тихо. Викала мислата но никој не одговарал. После некое време покрај женската мисла поминала една машка мисла со огромна брзина.
Женската мисла се развикала:
- Ејјјјјј, кај си се затрчал, кај се сите останати?!
Машката мисла:
- Е како каде – сите се долу.
Ќе играм вон правила (цитат)- ќе си земам за слобода да се надоврзам на вицот.

Како ќе препознаете дека некоја жена ќе каже нешто паметно?
Нејзината реченица започнува вака: Еднаш еден маж ми кажа........
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Гонзо

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Си биле две желки.... И се возеле во авион.. И паднале во пустина.. Биле многу жедни, па тргнале по пустината да бараат вода... Така барајки наишле на едно вирче. И токму во моментот кога и двете се наведнале да се напијат вода, едната и рекла на другата:
„Еј.., ама немој да пиеш, се гадам од тебе“.. рекла првата желка.
"Па што ќе правиме сега и јас се гадам од тебе????!!!" - рекла втората.
„Па ако не те мрзи оди до дома и земи една чаша“ - и рекла првата на втората
"Ајде еве јас ќе тргнам по чаша само немој да пиеш вода додека не се вратам." -и поставува услов првата желка на втората.
"Додека не донесеш чаша нема да се напијам од вирчето".- рекла втората.
И тргнала едната желка по чаша, а оваа другата ја чекала покрај вирчето ...
И чекала... и чекала 3 години, 5 години, 10, 15, 30, 50, 70, 100, 120, 160, 180, 200.. и и се смачило веќе.. и си рекла:
"Многу време помина откога замина по чаша, дај јас да се напијам од водата, се може да и се има случено по патот".
Решила да се наведне и да се напие од вирчето.. Во моментот кога се наведнала, оваа другава излегува од една грмушка и `и вика:
„Аха!.. Ако се лажеме, поарно е да не тргнувам по чаша“!!!!!!
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Мали Џокица во училиште скршил прозор.Неговата наставничка му вели да го повика татко му.
Мали Џокица вика:Татко ми го згази ваљак.
Наставничката вика:викни ја мајка ти .
Мали Џокица вика:Мајка ми ја згази ваљак
Наставничката вика:викни го дедо ти
Мали Џокица вика:И него го згази ваљак
Наставничката вика:Викни ја баба ти
Мали Џокица вика: И неа ја згази ваљак
Наставничката вика:Е шо прави Мали Џокица дома сам??
Мали Џокица вика: Возам ваљак наставничке ..