Зошто луѓето се менуваат?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Се променуваат пред се поради проблеми, нервози, некој поради пари се курчи, некој поради недостаток на пари, некој заради друштво..

Денес најбитно е да најдеш стабилна личност.Кога нешто ќе каже истото да го исполни.Никој не е совршен карактерно.
Најубаво е кога го знаеш карактерот и мааните на твоите другари и истите ги проголтуваш поради причина што и јас сум многу несовршен :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Marick14

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
мое мислење е дека човекот неможе да се смени целосно колку и да сака...можеби на почеток ќе најде добра причина и ќе се бори за неа...но со текот на времето ќе исчезне и желбата и причината за да се смениме...и често си ги поставуваме прашањата во стил зошто ја да се менувам...нека се сменат другите...и слично....

а за вториот дел...секогаш ради себе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Луѓето се менуваат, тоа си е природен процес. Дали делумно, дали целосно, дали поради самите себе или поради некој друг, тоа си е индивидуално. Но се менуваат, се‘ е релативно, не? Едноставно животот ги менува луѓето. И искуствата.
Е сега некои особини, навики и карактеристики може нема да се променат под никакво влијание, ама во глобала промена мора да настане. Годините и искуството си го прават своето.

Некои настани директно влијаат врз човековата личност и предизвикуваат промена. Колку и да викате дека волкот нема да го промени влакното, грешите, зашто тоа се однесува на рандом особина. Секој си зборува и дава мислење врз основа на своето искуство нели, ама генерализирањето дека волкот влакното не го менува, воопшто не го поддржувам.

Конкретен пример, бившиот мој ме промени во целост, кон позитивно. Јас не правев напори за да се променам заради него, тој ме промени мене кон подобро и благодарна сум му.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Луѓето се менуваат зошто така им налага општеството :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Се тече се се менува....

...рекол Хераклит.
Се е во непрестајно течење и движење, ништо не е постојано. Затоа не можеме да стапнеме два пати во иста река. Затоа што кога ќе стапнеме во реката втор пат, ниту ние ниту реката не сме исти.
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Сменето е името на темава или....? :eek Првобитното беше Дали може да се променат, а не Зошто се менуваат?:sreken
:D
Стојам на моето дека карактерот на една личност не може да се смени. Прочитав мислења од типот- Багабонтував на училиште, а сега сум добар... тоа е така затоа што пубертетлиите и адолесцентите с(м)е недоизградени како зрели личности и изложени на промени за да созреат. Повлечените стануваат комуникативни, некои минуваат низ депресии и слични неврози, со што стануваат поцврсти и се менува нивниот начин на размислување и така натаму. Како и да е, овие периоди не се пасивни, туку пресудни за понатамошниот развој на личноста.

Ако човек се покажува поинаков од онаков каков што е, не значи дека се сменил, туку значи дека станал дволичен, што е далеку од промена. Зрела личност може само да го надогради карактерот, но не и да го смени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Utopian

Нов член
3 април 2012
27
24
3
29
Луѓето се менуваат поради искуствата кои ги научиле. Нормално е тоа, мора низ секојдневниот живот да се надоградуваме себеси со нови навики, нови планови нови ставови..... Она што се менува е всушност површината на човечкиот карактер. Длабоко во психата сите остануваме исти. Можеш да ја смениш фасадата на една куќа, но никогаш и темелите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and cece17

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
да може да се променат од таа причина што низ годините луѓето сретнуваат мн луѓе кои остануваат и си заминуваат од нивниот живот им се случуваат мн промени мн порази и подеми се тоа си влијае