Пред само неколку минути, на вонредна седница на собранието на градот, едногласно е решено да се сруши Самоиловата тврдина до темел и на нејзино место да се изгради нова тврдина, уште постара од досегашната.
Оваа одлука е донесена после исцрпните преговори со новата градежна компанија која ќе гради, а чие име сеуште се држи во тајност. Како што дознаваме, во моментов се составува екипа на архитекти и градежници кои овој неверојтен план ќе го спроведат на дело, и ќе биде најголемо туристичко здание кое директно ќе му конкурира на Воинот на коњ.
Се проценува дека вредноста на оваа уште постара тврдина ќе биде некаде околу 890 милиони евра, а во склоп на тврдината ќе има и три ексклузивни хотели.
Тврдината треба да биде готова до 10-ти јуни, кога е и планирано свеченото отварање, а со тоа да се одбележи и почетокот на новата туристичка сезона.
На отварањето како што дознаваме ќе биде и Карлос Слим, кој не планирал да се враќа во Мексико.
Априлилилииииииииии!!!