Денес ме насмеа...

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
543698_350071345030063_117081104995756_953023_1815081872_n.jpg
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Во Босна се појави еден интересен студентски оглас, кој има ваква содржина:


Се бара цимерка на подолг временски период, од некој од потешките факултети, да не е апсолвент ни бруцош, природните науки имаат предност, да има многу за учење и да нема време за денгуба, тивка и мирна личност, непушач, да не гледа ТВ, да не виси на интернет по цела ден, да е добар хигиеничар, да не хрчи како коњ додека спие...воглавно, личност на која и договара следниов куќен ред:

РАБОТНА АТМОСФЕРА, ТИШИНА, РЕД, МИР, РАБОТА И ДИСЦИПЛИНА

1.НЕМА ПУШТАЊЕ МУЗИКА ВО СТАНОТ, НИКАКО!НИКОГАШ!(сите мултимедијални уреди се слушаат со слушалки и тоа треба да е намалено, на месенџер нема зборување, можете само да куцате на тастатурата и тоа не премногу и не смее да се куца навечер.Нема ТВ, можете да гледате без звук!Не смеете да пеете во станот.

2.МОБИЛНИОТ НА ВИБРАЦИИ!НЕМА ГЛАСНО ЗБОРУВАЊЕ НА МОБИЛНИОТ И ВИКАЊЕ, СЕКОГАШ ШЕПОТЕТЕ ИСТО КАКО ВО ЧИТАЛНАТА БЕЗ РАЗЛИКА НА ТОА ДАЛИ НЕКОЈ СПИЕ ИЛИ НЕ.

3.НЕМА ГОСТИ ВО СТАНОТ!(никого не смеете да донесете во станот, само родителите можат да дојдат, никој друг не смее да дојде нити на заедничко учење за да не би им сметале на другите)

4.НЕМА ПЦУЕЊЕ И ПРАВЕЊЕ ШЕГИ НА ТУЃА СМЕТКА!!!(добро да се внимава на речникот да не му се подсмевате на другите, да не бидете ирочни или саркастични, можете да се шегувате само на своја сметка!Почитувајте ја личноста со која живеете!Не расправајте се и немојте да се натпреварувате!Немојте да се фалите и да бидете препотентени.

5.ДВИЖЕТЕ СЕ ВО СТАНОТ ПОПОЛЕКА, БЕЗ ТРЕСКАЊЕ НА ВРАТИТЕ, ПРОЗОРЦИТЕ, ФИОКИТЕ... (немојте да тропате со кломпите како некој слон, садевите да се мијат без фрлање на истите во судоперот...)

6.НЕМА НЕРВИРАЊЕ!(можете да бидете насмеани или тажни или неутрални, но секогаш намсеани кога ќе ве погледне некој!Налутени никогаш!(без разлика колку и кави проблеми да имате не ја истурајте вашата нервоза на околината!Ако ви смета нешто освен горе наведеното, образложето го тоа на мирен начин, без тензија.

7.СЕКОЈ ГОТВИ ПОСЕБНО И ХРАНАТА СТОИ ОДВОЕНО!!!(немаме сите исти прехрамбени навики ните време)

8.ДО 8 ЧАСОТ НАВЕЧЕР МОРАТЕ ДА ГИ ИЗМИЕТЕ САДЕВИТЕ КОИ СТЕ ГИ КОРИСТЕЛЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ АКО СЕ МАЛКУ! ПОГОЛЕМАТА КОЛИЧИНА НА САДЕВИ ЈА МИЕТЕ ВЕДНАШ!!!( МОЖЕТЕ ДА ИМАТЕ РАСФРЛАНИ КНИГИ И НЕКОЈ КРЕАТИВЕН НЕРЕД СЕ ТОЛЕРИРА понекогаш НО СЕТО ТОА МОРА ДА БИДЕ ЧИСТО И ВО СКЛАД СО ХИГИЕНСКИТЕ УСЛОВИ!!!
Морате еднаш неделно да ги исчистите со правосмукалката заедничките простории!Чувајте ги работите во станот како да се ваши!

9.НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ЧЕПКАТЕ ТУЃИТЕ РАБОТИ ВО СТАНОТ.(крпите, средствата за хигиена, облеката...не е во ред да го делите тоа со некој друг)


Прочитајте ги и двата одговора на овој оглас:



Поздрав,

Јас сум мумија и барам цимерка.Мислам дека ќе се снајдеме заедно ;) Мртва сум 3 000 години, грубо речено (заборавив одамна беше).На работа сум постојано во музејот па во станот ќе доаѓам само во случај на преуредување или затварање на музејот :) Можеш да помислиш дека сум некаков шарлатан, меѓутоа не сум, многу сум сериозна и одговорна. Немам внатрешни органи, така да никогаш не користам тоалет. Не се туширам никогаш. Не јадам ништо. Немам јазик бидејќи ми се исуши во процесот на мумифицирање па не сум зборлива.Не ги следам новите технологии па не користам интернет нити играм игри.Само би ве молела влажноста во станот да не поминува повеќе од 50% и да биде премногу жешко за да не се смрдам. Гледам дека бараш цимерка , а јас да ти кажам дека не знам дали сум машко или женско бидејќи доле се е исушено, бидејќи не се употребува повеќе.Поздрав

mumija.jpg


Почитувана

Јас сум собен кактус.Барам цимер или цимерка за постојано.Благодарна билка сум, немам некои посебни барања.Треба да ме навадите еднаш на неколку месеци.Не слушам гласна музика бидејќи немам на што да ја слушам.Боцки имам но бидејќи гледам дека ти не си личност за блиски односи тоа нема да биде никаков проблем.Ако случајно се боцнеш, до тебе е.Од работи имам само една саксија онака смеѓа.Не ми треба голема соба, само да не сум покрај радијаторот бидејќи не ми одговара таму.Невработен сум моментално и немам никакви трошоци.Мислам дека треба да компензирамесо наводнување, бидејќи нема да користам ништо за туширање и перење на облеката. Гости не ми доаѓаат никогаш. Не можам исто така да ги трескам вратите .Еднаш годишно процветувам се надевам тоа нема да биде проблем?!

kaktus.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: hitbyaplane