За тоа си апсолутно во право, ама знаш настаните си имаат свој редослед по кој се одвиваат, па така од затуцана вукојебина во турско, кај што турците ништо не изградиле освен калдрми и џамии, па по завршувањето на втората светска војна, кога после албанија сме биле втора најразрушена земја во европа (не дека имало многу да се руши туку немало ништо), па за во наредните 30 години да биде земјава изградена, имајќи можност да опстојува во федерација која во тој период била многу голем фактор во светот на која сите и завидувале, тогаш е изградено се, фабрики, училишта, хидроцентрали (па цела струја што ја користиме од наше производство е благодарение на тие капацитети освен Козјак), болници, културни установи, спортски установи итн... Тогаш се формираат нашите универзитети кои произведувале исклучително квалитетен кадар и се било супер... е арно ама од тој врв ние ради лични интереси на поединци сме заглавени во времето и 20 години немаме мрднато од мртва точка... Зборам за клучни капитални проекти, немаме нови патишта, железнички линии, енергетски капацитети, нови болници, нови училишта... сеуште го користиме тоа што ни останало и само го крпиме... Е затоа е тоа “у времето на тито беше боље“, тогаш имало напредок на секое поле, а сега имаме застој, апатија и претураме од шупливо во празно. Затоа сега целата таа интелегентна критична маса и млади умови бегаат надвор, пошто знаат дека овде без врски и книшка никој не им вреднува ништо. А тогаш тие останувале овде и допринесувале за развој на општеството. Тоа “на времето беше подобро“ ќе биде заборавено тогаш кога ќе биде подобро или исто како тогаш за живеачка на просечниот граѓанин... ама за жал сумљам дека ние ќе го доживееме тоа. Кој нејќе да рече “да сега живееме подобро од било кога порано“, тоа можат да си го речат транзициони профитери и остали безкичмењаци кои ја раскрчмиле цела држава. А останатите гледаат како да врзат крај со крај или да му ја здувнат од овде. Затоа е и заебанцијата “кога последниот Македонец ќе се исели од државава да не заборави да ја изгаси сијалицата“. А златна земја имаме, мала, убава, плодна, богата со природни ресурси... и све тоа џабе... Израел одгледува патлиџани у сред пустина, а ние увезуваме пченица од Бразил покрај толку плодно и неискористено земјиште. Ах беее...