Југославија - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Да, дека сите исполнувале, затоа и државата функционирала нецели 50 години. Многу.
Можеби сте имале се, но сте немале слобода, сте немале избор.
Кој културен прогрес и што?
Не може сите да сме исти. Пострашно од тоа не може да биде.
Не сакам да бидам со никого иста. Мора да има подоле и погоре.
Да целам кон оние погоре, а да се осврнувам кон оние подоле и да внимавам да не паднам.
ммм одма ти ме нападна.. и јас самата се изјаснив дека не сакам политичко спојување туку само економско. Како мислиш немале слобода?? што има фалело? а за културен прогрес - огромен.. Колку фестивали исчезнаа и пропаднаа по распаѓањето на СФРЈ, лани куќата на Личеноски изгоре со сите негови дела а не се ни мрдна со мал прст... куќата на Мартиновски во Крушево е обновена и сочувана токму во периодот на СФРЈ каде што јасно стои дека е од исклучително јасно за македонскиот народ и тогашната југословенска федерација.. А за музика да не зборам , освен Тоше скоро и не постои друг на естрадава.. Сите евергрини во македонската музика се токму од тоа време, аранжманите на старо-македонските песни исто. Научниот прогрес - огромна разлика - од земја лидер во тешката индустрија и воената со најнови технологии и сл. за тој период на кое ниво дојдовме??? И спомна нешто за одбраната... Станува збор за државната одбрана на ЈНА а не на домобранските националисти кои се уништија меѓу себе - не ги мешај тие два поими. Е после сето ова кажи ми дали сме исти? Секако дека не - ние сме подоле и подоле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Jericho

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Ај добро, сте имале избор. Како ти завршуваше регистрацијата?
Имаше избор... за кого гласаше?
Слобода на свое мислење... зависи што мислиш, може и на Голи Оток да завршиш.
Не бе, Ченто беше сепаратист.

Испрани југословенски умови.
Зошто се обраќаш со - за кого гласаше , како имаше?? Не сум ни родена во СФРЈ а поголемиот дел од сите на форумов претпоставувам поголемиот дел од животот живеат во Македонија..збориме за тоа како било ИМ а не како ни било НАС.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Да за Југославија! Да за враќање на социјализмот на балканот. Не за Европска унија (читај модерен фашизам)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jericho

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
неам 50 години да ти одговорам на тоа, ипак сум имал 5 години го се распаднала земјата... ама ај вака, што ме заболе мене кој е министер за економија или финансии ако ја си имам топ работа и плата? што ми е гајле што му рекол бранко на груевски ако јас знам дека ги уживам сите работнички права? Во Канада се намалува цензусот за успешност на изборите пошто никој не се замара со тоа. По твојава логика и Канада е затуцана и немаат право на избор, кутрите тие, секогаш се во топ 3 најдобри земји за живот. А тоа со голи оток било до почетокот на 60ти години...
За тебе не знам ама јас сум Македонец не сум Југословен, а Ченто бил еден од најпаметните лидери од нашата понова историја (сепаратист или не, за нас бил добар, камо денес да имаме некој таков политичар)...
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Зошто се обраќаш со - за кого гласаше , како имаше?? Не сум ни родена во СФРЈ а поголемиот дел од сите на форумов претпоставувам поголемиот дел од животот живеат во Македонија..збориме за тоа како било ИМ а не како ни било НАС.

E добро, тоа ,,ти,, замени го со ,,им,,.
Јас мислам дека имам поголеми можности, од тие кои ги имала мајка ми.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
неам 50 години да ти одговорам на тоа, ипак сум имал 5 години го се распаднала земјата... ама ај вака, што ме заболе мене кој е министер за економија или финансии ако ја си имам топ работа и плата? што ми е гајле што му рекол бранко на груевски ако јас знам дека ги уживам сите работнички права? Во Канада се намалува цензусот за успешност на изборите пошто никој не се замара со тоа. По твојава логика и Канада е затуцана и немаат право на избор, кутрите тие, секогаш се во топ 3 најдобри земји за живот. А тоа со голи оток било до почетокот на 60ти години...
За тебе не знам ама јас сум Македонец не сум Југословен, а Ченто бил еден од најпаметните лидери од нашата понова историја (сепаратист или не, за нас бил добар, камо денес да имаме некој таков политичар)...

Сосема едно е булшит економската состојба во земјава, сосема друго е системот како таков.
Едно е да добиеш можности за образование и вработување, тоа што ќе го сработиш е - лично твое, и добро знаеш дека твојата работа ќе се исплати на тој начин што - ќе имаш повеќе од другите (материјално, самопочитување итн...).
Смешно ми е кога некои југоносталгичари ми зборат ,,како сите имаа се,,.
Зошто еден човек, би сакал да напредува, ако има исто со тој што е мрцина?
И ако целта била - сите да имаат се, зошто оние ,поеднаквите, живееле во подобри домови, имале поубави коли?

Социјализмот, по мене, како концепт, не е складен со природата на човекот - човекот има потреба од доминирање, докажување и пред се, човекот е себично суштество. Никогаш ти нема да мислиш прво на сите, секогаш ќе мислиш прво на себе.
А тоа, ,,еден за сите, сите за еден,, може само во едно мало семејство, дури ни во поширока заедница не успева.
 

bubili

Активен Член
29 февруари 2012
92
137
43
најубавиот град
Според мене Југославија се распадна затоа што други го сакаа тоа.....мислиш ни љубомореа....Се сеќавам само на Словенците-себични луѓе,диви.....за нив ич не ми е мака.Да не ме разберете погрешно....Македонија си ја сакам највеќе....Немора пак да сме заедно бившите,само би било добро да имаме безвизен режим кон сите бивши,на пр.како што е моментално со Србија само со лична карта можеш да си идеш на гости или да се прошеташ.:gladen
 

Прикачувања

  • Mak.i Srbija zname.jpg
    Mak.i Srbija zname.jpg
    19.5 KB · Прегледи: 3

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Токму тоа е делот што не го сакам - и да не работиш, можеш да преживееш. Мразам лешинари. Секој мора да работи, и да заработува, а не некој друг да му ја мисли. Од тој аспект, барам и државата да обезбеди образование и работни места.
Не може некој да не сака да се образува, да не сака да работи, и пристојно да живее. Не сум согласна.
И денес можеме каде сакаме без виза да одиме, низ цела Европа. Безбедноста на какво ниво и да била, заврши трагично.

Јас сакам општество кое ти нуди предизвици, кое те тера да се бориш, зошто ако не се бориш ќе пропаднеш. За мене животот е борба, а не живеам, зошто ме родиле. И не жалам никого, секој треба да се запоти за да заработи.
И не може извршен директор и чистачка да одат на исто место на одмор. Зошто тогаш извршниот директор би преземал толку голема одговорност за себе?

Понатаму, сум слушала од постарите ,,ние сме југословени,,. Не, ние не сме, ниту сме биле југословени. Македонци, кои живееле во федерација Југославија. Мразам одродници, мразам Македонци кои се чувствуваат како било што друго, освен Македонци.

Во никој случај не поддржувам никаков облик на социјална држава, јас сепак сум за пазарна економија.
Не мразам никого...Секој се кажува како се чуствува.....право на избор е тоа .:)
И сакам да те исправам малце ,не сакаат сите да работат,и не сакаат сите да учат,али има многу кои сакаат а неможат ...уште малце ќе почнеме да си ја јадеме 'кожата' меѓу себе :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Не мразам никого...Секој се кажува како се чуствува.....право на избор е тоа .:)
И сакам да те исправам малце ,не сакаат сите да работат,и не сакаат сите да учат,али има многу кои сакаат а неможат ...уште малце ќе почнеме да си ја јадеме 'кожата' меѓу себе :giggle

За мене тие луѓе, не се луѓе. Амеби.
И инаку, во РМ моментално, со сите можни преефтини факултети во секое 3 село отворени, сите можат да се образуваат.
Но да, не сите можат да најдат работа, што е проблем.
Во предходниот систем, учел-не учел, работел-не работел, ќе си имал пристоен живот. Сега ај пробај живеј од социјална помош. Се ќе направиш да се вработиш, зошто социјалната помош нема да ти стигне за да преживееш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Според мене Југославија се распадна затоа што други го сакаа тоа.....мислиш ни љубомореа....Се сеќавам само на Словенците-себични луѓе,диви.....за нив ич не ми е мака.Да не ме разберете погрешно....Македонија си ја сакам највеќе....Немора пак да сме заедно бившите,само би било добро да имаме безвизен режим кон сите бивши,на пр.како што е моментално со Србија само со лична карта можеш да си идеш на гости или да се прошеташ.:gladen

Јас пак Словенците многу ги сакам како народ. Некако ептен се цивилизирани, уредни. Словенија, како земја од екс-ју, е најсредена.
А ова спојување на знамиња ;) Може, откако Србите ќе престанат да бакнуваат задник на Јужниве.