Југославија - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
не сум за!
Инаку, како тоа ќе сме живееле подобро?
Дали вие мислите дека Југославија се распадна поради национализам?
Немојте со тие приказни.
Југославија беше веќе 10 години во страшна економска криза. Војната не беше за национализам, туку за територии, природни богатства, и вредности останати од големата држава.
-национализмот само беше наметнат како тактика за распад на Југославија...
-била социјална држава,работникот имал права и скоро сите биле вработени,работникот бил заштитен од синдикатот...во тој период владеела правна држава секој можел да шета и да се движи слободно низ територијата на Југославија.....безбедноста била на повисоко ниво...со Југословенскиот пасош можело секаде да се оди без виза...секој што живеел во ова време сака да се врати периодот на Југославија.....:wub
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048, Luckky and 4FUN

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Точно дека национализмот е наметнат како тактика за нејзиниот распад од кој главно профитирала Германија поради големата продажба на оружје на усташите и четниците..А за економијата - Македонија уште го нема достигнато нивото на економска развиеност како што била во 1988 година. Читав во некој од нашиве весници дека да опстанеше Југославија БДП-то ќе се проценело двојно повеќе од тоа на Австрија што го има моментало , а со тоа и повисок стандард (зборам за Македонија лично). Клучна улога имала федерацијата од безбедносни прични со тоа што била 4 воена сила , а како импресивен факт е тоа што тенковите ( им го заборавив името) што биле создадени во Југославија 2 децении подоцна имале клучна улога во паѓањето на режимите на Блискиот исток. За одбраната скоро гледав една емисија на Васко Ефтов за подземниот град на Тито во Коњиц .

А од културен аспект мислам дека од 60' - 90' е достигнат врвот на балканските простори. Чист пример е на пример музиката која е створена за време на Југославија што ден денес е повеќе слушана од современата во сите екс-републики.
 
Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Не.
Слоган: братство и единство. На крај си ги извадија очите. Ни братство, ни единство со такви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: niche123

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Многу малку сум фатил јас од Југославија, сум бил ептен мал тогаш, но како што кажуват моите тогаш многу подобро се живеело, јас да си кажам најискрено не сум задоволен од состојбата на Македонија во која се наоѓа моментално, а и со години наназад (нема потреба да влегувам во детали). Не знам дали би било пак исто доколку останала Југославија, но тоа е што е враќање нема, останува да си создадеме самите подобра иднина, а тие времиња се само сеќавања за постарите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Апсолутно за, моќна и дисциплинирана армија (ЈНА рулз), индустриско производство од секоја област, развиен туризам, безплатно образование, земја чиј глас значи нешто во светот, најбројна е силната средна класа, врвен спорт и уметност, постоење на ЈУ стандард нешто како денешниот ИСО и ХАСАП само што овој е правен на база на германскиот (бил построг и подобар од германскиот) и во тоа време важел за највисок стандард во СВЕТОТ, затоа се што имате дома од тоа време, почнувајќи од бела техника, облека на бабите и дедовците па се до зградите од тоа време (кои се поквалитетни од денешните) и по толку години сеуште се поим за квалитет... Нема како сега секоја будала да произведува што сака со чкарт материјали од бугарија и кина, пасош кој вреди во цел свет (и во тоа време држел највисока цена на црниот пазар во светот) итн... А што имаме денес? Војската на целата територија на Југославија (армиите на 6те земји, СФОР во Босна и КФОР на Косово) не се ни 15% од ЈНА, воена индустрија скоро на нула, никоја од земјите не значи ама баш ништо во глобалната политика, средната класа скоро и ја нема (за сметка на транзиционите безкичмењаци), спортот муабет да не праам, пасошите денешни за ништо не вредат (освен можеби словенскиот пошто е ЕУ), ама и словенците како жители на најбогатата земја од Југославија повеќе од 50% велат дека им било подобро во Југославија него денес во смрдливата к**ва вавилоска такозвана Европа... Не дека било мед и млеко, ама за разлика од денес, па 20 год живееме во земја која не може да го надмине БДПто и индустријата постигнати во последните години од СФРЈ... Општо освен Словенија, дојдовме на дереџе земји како Бугарија и Романија да бидат пред нас, ако во тоа време бевме апсолутно во секој поглед пред цела источна европа на моменти подобри и од земји како Австрија, Италија, се носевме со Британија, САД, Русија, извезувавме наше Made in Yugoslavia оружје на арапите, денес можеме комотно да се носиме у к**ац, наше оружје немаме, зависиме за се од сите...
Мал пример, 1963 одма по земјотресот кога цел свет се претепа кој прв да помогне, не беше тоа зашто ги здоболе за Скопје туку зашто ќе излижат на една таква силна Земја, тогаш веќе непријателите од студената војна САД и СССР првпат нивните војски се сретнуваат во Скопје после завршувањето на втората светска војна, тогаш доаѓа во Скопје Хрушчов лично (заедно со Тито секако)... на вонредни вести на BBC и америчкото (CNBC мислам беше не сум сигурен) се известува за тоа... Дали денес да се деси тоа пак, ќе се крене толкава прашина на светско ниво? Дали Медведев лично ќе дојде да види што се случило? Дали цел свет ќе се ангажира за Скопје да се исчисти и реизгради во рекодно време? I don't think so...
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
не сум за! о
-национализмот само беше наметнат како тактика за распад на Југославија...
-била социална држава,работникот имал права и скоро сите биле вработени,работникот бил заштитен од синдикатот...во тој период владеела правна држава секој можел да шета и да се движи слободно низ територијата на Југославија.....безбедноста била на повисоко ниво...со Југословенскиот пасош можело секаде да се оди без виза...секој што живеел во ова време сака да се врати периодот на Југославија.....:wub

Токму тоа е делот што не го сакам - и да не работиш, можеш да преживееш. Мразам лешинари. Секој мора да работи, и да заработува, а не некој друг да му ја мисли. Од тој аспект, барам и државата да обезбеди образование и работни места.
Не може некој да не сака да се образува, да не сака да работи, и пристојно да живее. Не сум согласна.
И денес можеме каде сакаме без виза да одиме, низ цела Европа. Безбедноста на какво ниво и да била, заврши трагично.

Јас сакам општество кое ти нуди предизвици, кое те тера да се бориш, зошто ако не се бориш ќе пропаднеш. За мене животот е борба, а не живеам, зошто ме родиле. И не жалам никого, секој треба да се запоти за да заработи.
И не може извршен директор и чистачка да одат на исто место на одмор. Зошто тогаш извршниот директор би преземал толку голема одговорност за себе?

Понатаму, сум слушала од постарите ,,ние сме југословени,,. Не, ние не сме, ниту сме биле југословени. Македонци, кои живееле во федерација Југославија. Мразам одродници, мразам Македонци кои се чувствуваат како било што друго, освен Македонци.

Во никој случај не поддржувам никаков облик на социјална држава, јас сепак сум за пазарна економија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Black Mamba

Епа проблемот е што командните економии во социјалистичките држави не функционирале така.. Добиваш план да исполниш квотоа од толку и толку годишно.. немаш баш и некоја одговорност на тебе без разлика дали си генерален директор или чистачка. А како опшество , далеку понапредно од оваа почетна капиталистичка фаза што не уништува. Колкав културен прогрес имало тогаш а колкав сега?? Проблемот е немањето токму на таа пазарна економија.. другото - фантазија во g-moll.
 
Да, дека сите исполнувале, затоа и државата функционирала нецели 50 години. Многу.
Можеби сте имале се, но сте немале слобода, сте немале избор.
Кој културен прогрес и што?
Не може сите да сме исти. Пострашно од тоа не може да биде.
Не сакам да бидам со никого иста. Мора да има подоле и погоре.
Да целам кон оние погоре, а да се осврнувам кон оние подоле и да внимавам да не паднам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Кој немал слобода, кој немал избор? хехехехе читај историја а не пропаганда ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Luckky

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Кој немал слобода, кој немал избор? хехехехе читај историја а не пропаганда ;)

Ај добро, сте имале избор. Како ти завршуваше регистрацијата?
Имаше избор... за кого гласаше?
Слобода на свое мислење... зависи што мислиш, може и на Голи Оток да завршиш.
Не бе, Ченто беше сепаратист.

Испрани југословенски умови.