Мене воопшто не ме интересираат туѓите животи и несакам да се мешам, но ова? Ова бе? Какви права бе ало. Педерлукот не е ни природен ни морален. Какви се тие глупости, сакале права? Кои права ги сакате бе? Се ви е дозволено, да не е забрането случајно да се шетаат парови од ист пол по патот? Сакате право за посвојување деца? Е тоа неможе и секогаш ќе бидам противник за такво право. Со своите животи што сакате правете, ама да уништувате и туѓи? Каков пример ќе му дадете на тоа дете? Ич не ми е гајле ако се навреди некој геј, ова е реалноста. За крај, од кои е создадено човештвото? Адам и Ева, а не Адам и Стево.
За природен, не се согласувам, а моралот е чиста глупост. Ќе се задржам малку на природното. Кажи дали немаш видено кучиња од ист пол сексуално да општат? И тоа не е природно? Човекот е само едно животно кое сака да доминира и да се одвои од својот род поради тоа што има поразвиен мозок од другите видови. Јас не гледам ништо не природно во тоа.
Патем човештвото е создадено од Адам и Ева? Сериозно? Ајде, можеш ти повеќе од ова.
Да се изјаснам јас. Не ми пречат хомосексуалци, транс-сексуалци и незнам какви сексуалци. Секој со својот живот има избор да прави што сака, па што има таму некој да измислува правила за тоа како треба да живее секоја единка? Мене ми пречи само да гледам јавни бакнувања, ама тоа не ми пречи само ако видам геј пар туку ми пречи и стрејт пар кој се лигави насреде улица или плоштад. Имам другарка која е лезбејка и баш некни правевме муабет за ова паради и сл. глупости. Јас ги сметам за глупост. Не ја гледам поентата од сето тоа. Што, јавно ќе се изјаснат дека се хомосексуалци? И што? Јас да организирам парада за да се изјаснам колку сум стрејт? Така нема да го сменат ничие мислење за да ги прифатат во околината.