Болдот е дел од одговорот. Премногу станаа сите entitled (не ми текнува македонски збор) дека им следува ваџејџеј без оглед на тоа како се однесуваат + им иде во полза тоа што трудот да се освои некоја личност е сведен на минимум. Луѓе буквално романтизираат и паѓаат во несвест ако некој редовно и културно им враќа на пораки, не ги вреѓа (кај некои оди и дотаму „па не ме вара и тепа, супер е“), преголемо злоупотребување на „Ако ме сакаш, сакај ме ко што сум“ (хинт: токсичен/на в крај), итн. Уствари, ова е супер нова тема за дискусија.
Тука ќе спомнам и дека сигурно игра улогата на т.н. инфлуенсерки што се сликаат послободно, промовираат крпчиња, итн., па господава ги фаќа некое чувство дека курвата ете пред цел свет се соблекла скоро гола, а ваму нему му глуми поштена. Пошто не дај Боже да не ти се допаѓа некој што ти пишал порака „Уффф, ама би те распарчил“ и очекува тоа да го земеш ко најголем комплимент.
Немањето што да се понуди, посебно карактерно (па уште и да се комплексаши ради премногу или премалку финансии) + јаката неебица ги припишуваат ко вина на женското, не своја и тука настануваат илузиите.
Преку ова со Талибанциве само откриваат што би правеле на жените кога би немало закони што би ги стрпале во затвор за навек (или да ги убие некој роднина на женската).
Инсели секако се на ниво каде би се возбудиле од гол глужд, така да сето покривање, тепање, угнетување и силување им одговара - нула труд и физичко задоволство без да треба да покажат карактер и емоции што не им се оформени од Х причини/трауми.
Нема превод на entitled ама тоа е во основата
Но ова е интересно што не е ограничено на лица од повисоки економски класи, кои природно би биле entitled према еден куп ситуации туку е присутно и кај лица од најниски социјални слоеви.
Не знам од каде произлезе таа манија дека со самото тоа што машка особа постои со тоа и следува женски полов орган, без никаков труд, без залагање, без ништо, само затоа што се маш.
Ова е некое ново ниво на entitlement незабележано досега и чудно е што се однесува само на сексуалната сфера.
Јасно е дека нетот овозможи да се рашири ова чудо насекаде, но мистерија е како се појавил овој феномен пред некои 30-тина години.
Можеби во основа е омразата кон жените генерално кај одредени машки лица, можеби кај некои со причина (иако генерализацијата е дебилна ствар) но кај повеќето без причина, како feedback loop, ќе ги мразат жените затоа што не ги приметуваат и не им следува вагина.
Нејасно е како бројот на инсели и слични битија се наголемува рапидно, заедно со нивната радикализација.
Има логика зошто ги ценат Талибаните бидејќи ним им следува вагина во реалноста поради исламизмот и средновековниот мајндсет. Ако не им следи по дифолт на некои, автоматски можат да силуваат без никакви последици. А сето тоа е истото она кое го посакуваат инселите и сличните створови од цивилизираните земји.