Инсел!

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Знам. За жал знам и за нив.
Среќа не ги открив директно туку преку видеа што зборуваа за таков тип мажи. Мислам, имам сретнато слики со цитати, демек они се лајф коуч, демек лавот не спие, туку лови тип на цитати и не знам што, но целосните „учења“ ги сретнав преку commentary видеа на ЈуТуб, кои, секако, немаа да кажат ништо позитивно за нив.
За мене и тие се инцели, кои некако, еднаш и по грешка излегле од тој свет, па ги удрил адреналинот дека се неодоливи и неповторливи. Не може некој да ме убеди дека некој што излегол на состанок повеќе од еднаш, е во состојба да ги прави тие „поучни“ видеа. :x(worried)
Тие се досадни и cringy но безопасни инсели, може да се напорни по кафиќи или клубови но тоа им е границата, проблем се оние кај кои со години се таложи омраза и гнев и еден ден осамнуваат по насловни, кој со нож, кој со кола, кој со моторна пила, кој со пиштол...интернетот навистина створи нов ентитет.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Chainsaw wielding Incel :frantic

5bulrpn3wdf51.jpg
 
  • Haha
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Electra

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Озбилните фрустрации насобрани низ животот, во комбинација со модерната технологија не треба да се потценуваат. Колку една туѓа добронамерна идеја може да биде погрешно развиена од болен мозок?
Ужасно е да бидеш осамен, да се осеќаш несфатен, непосакуван, невидлив... Од друга страна, уште поужасно е да гледаш на другите (во случајов жените) како на пониска класа од себе. Колку омраза и патолошка горчина има во: " Жените треба да се среќни ако ги избереш за силување", "Сите жени се к***", "Жените се канта за сперма", " Жените се чисто зло, и се причина за сите наши проблеми" итн. А уште полошо е што изгледа дека ниту еднаш не помислиле дека тоа што ги сметаат (и се однесуваат со) жените како погоре цитираното е всушност коренот на сите нивни проблеми со жените.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Лично темава како ново инфо за кое дознав пред 2-3 години ми е фасцинантно и одбивно во исто време бидејќи е тотална спротивност со моите искуства со жените, јас не знам дали луѓево живеат во паралелна димензија или што е работава? Каде ги гледаат таквите зли жени на секој чекор ако немаат контакт со жени?

За мене би било греота и срамота да се пожалам од улогата на жените во мојот живот, без разлика во кое својство. Во ред, имало неколку исклучоци но генерално имам многу подобра комуникација со жени него со мажи, не знам зошто е тоа така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Многу ме интересира само што довело до оваа појава.
Сфаќам донекаде дека некои биле ужасно одбивани, исмевани, дури и физички напаѓани, па се пронашле во оваа весела дружина, но не го сфаќам моментот на толкава омраза т.е. желба за одмазда, без притоа да се работи на себе, туку само да ѝ се наштети на другата личност. Сатисфакција нула.
Има на Редит „интересни“ приказни за нив и нивниот мајндсет, па еве има и нешто позитивно т.е. дечки кои се извлекле од оваа црна дупка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Мене ми е појќе одбивно, дури и малку тажно. Некако мислам дека за секој има некој, кога ќе дојде време.
Луѓево живеат во судир меѓу реалноста и исфантазиран концепт во главата. Проблем на денешницата. Гледаат премногу филмови и порно. Воспитувањето секако мислам дека има најголема улога, патријархалност, друштво, религија...Дополнително придонесува и тоа што со социјалните мрежи како главна платформата за дружење денес, многу лесно наоѓаат свои истомисленици и со тоа растат нивните уверувања. Па и не мора да имаат контакт со жени, бар не физички, кога сѐ се пласира на нет, на блогови, форуми, социјални мрежи, а да бидеме искрени нѐ има секакви, па и од жените.
Можда до негде можам и да разберам понекоја фрустрација (ама само од некој кој се труди да работи на себе, а не да смета дека нешто му припаѓа само затоа што постои и сите други да му се криви што не може да го има, освен тој самиот) и потребата да се зборува за тоа, ама насилството не го оправдувам во никој случај, па ни вербално.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Осаменоста, самонаметната или потрагично = социјалната изолација како резултат на некоја трагична ситуација, болештини, депресии, синдроми и слично имаат заеднички ствари, но имаат и големи разлики. Кај инселиве скоро и да нема лица кои имаат вистински проблеми туку исклучиво само-направени како прекумерна дебелина ради зависнист од храна и шеќери или мрзеливост до таа мера да се непријатели со шампонот.

Интенетот овозможи ехо чемјбр за овие лица и така настана инселот, поим кој интересно бил измислен од жена :p
Инселите а и општо рајата меша две многу различни ствари, тоа е концептот на nice guy. Правилно би било да се каже пристоен тип, бидејќи при иницијален а и површен контакт од каде женското да знае дали типот е добар. Nice не е добар, тоа е good.

Пристоен тип може да биде физички запуштен и нечист, да ја прекинува соговорничката со секакви мудрости научени на нет и да биде одбивен или грд. Што не е грев нит нивна грешка, но таквите треба и да си бараат женска спроти себе, значи не онаква која е со јак изглед туку нешто поскромно.
И ајде сеа некој инсел фантазира за врска со она што го оценуваат како 8-10 а самите тие се 3-4. Логика? Нема.
Добар човек, добар слушател на спротивната страна, добар карактер, чесност и пред се респект кон женското се уште се барани на пазарот. Тоа што инселите немаат ништо од тоа ги прави опасни бидејќи за своите срања обивнуваат секого само не самите.
Зарем немаат мајки, сестри, братучетки, тетки, стрини па да развиле барем основно поштовање кон жените?

Денес е барем лесно да се работи на сопствен изглед и појава, од физикус до облека, има милиони видеа од кои може да се поднаучи каква облека одговара за каков тип на човек и што се не.

Но полесно е со раката во скинатиот десен џеб да се дрви на Хентаи него да се испоштова вистинска девојка во живо.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да продолжам каде што застанав со блог-опис на оваа секта која малку по малку доаѓа и во нашите краишта.
Балканот сам по себе, како место каде виреат висок процент прафи маши е некако природен хабитат за инселизмот.

Мојата надеж дека оваа секта е присутна само кај машкиот дел од популацијата се покажа дека е залудна бидејќи фактите укажуваат и на постоење на женски пандан познат како Фемсел, жени кои за разлика од Инселите, самите се откажале од сексот како дел од својот живот, има тука речиси-асексуалки, екс-лезбачи, морбидно дебели девојки, жени на кои како и на нивните машки "колеги" им фали по некоја даска, жени кои дигнале раце од грижа за себеси...

Има уште една значителна разлика, најдраматично изразена преку спектакуларното самоубиство пред прајм-тајм ТВ екраните на некоја си новинарка-фемсел во седумдесеттите. Тоа е што фемселките го насочуваат насилието кон себе, а не кон надвор.
Имало линкови по дип веб од тој немил настан каде што типката чита вести, ладнокрвно вади револвер од ташничката и си го истура мозокот на среде пренос,:ladno:ladno:ladno главата само и паѓа уназад и тоа е тоа, никаква драма, ништо, облаче од чад, тотално надреално. Но сепак не би препорачувал да се гледа јадниот крај на Кристина Чабук, паметна и симпатична жена-фемсел, бидејќи некако остава чудна дилема, колку девојки би дале све да изгледаат и имаат кариера како неа, а таа ете...ионака језа има доволно...
@Electra тука може да игра улога и Мандела ефектот, можам да се заколнам дека сум ја видел снимката на рандом документарец :eek



Инаку пред два-три месеци се случил инцидент од типичен вид, некој инсел / mall rat пар години се припуштавал на женски особи во трговскиот центар во Минесота, и после десетици одбивања од страна на привлечни жени, го опфатил инселски бес, во настап на манијакална агресија, умот помрачен од глетките на стегнати женски задници какви никогаш нема да лежат на неговиот кревет, удрил по самарот ако не по магарето (магарето е самиот тој, под име Дешон Аранда).
Овој идиот едноставно грабнал пет годишно машко детенце и го фрлил од спрат 12м кон подот на трговскиот. Детето за среќа имало втор роденден тој ден па преживеало некако, после пола година престој во болница. Пресудата била 19 години за обид за убиство.

Досега избегнував да пишувам за Империјата, Трамп и жена му класична стереотипна источноевропска сељандура и спонзоруша, свесно или не, но сега одненадеж, шокиран и затечен и потполно необавестен за оваа секта, морам да пишувам за овој стравичен феномен, за овој крајно деструктивен секташлук.



Не бев свесен и за бројноста на инселите, што по нивна кривица, што поради каприците на судбината да се родат во срање територија, пример поради религиска причина (Сауди Арабија и остали), или пак поради демогрфаски ужаси (НР Кина). 125+ милиони повеќе машки од женски на "љубовниот пазар".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Се вртеше приказнава за Кристина низ многу јутуб канали што прават видеа у стил топ 5 ова, топ 10 она, а-у, го имаше самиот инсерт (без самоубиството, нели), така да ништо чудно да си видел. Не знам сега колку ги држат уште таквите видеа, нели ептен им се сменети правилата, не се знае.
Не сум знаела ама дека е фемсел типката т.е. никаде не беше спомнато, но и во ред си е бидејќи релативно нов е терминот, а видеата што ги гледав кога се збореше за неа беа некаде пред 2014-2015та.

Фемсел ми се мене, реално, голем број од радикалниве феминистки т.е. скоро и сите, ретко ги има оние „е*и го и фрли го“ филм што тераат, туку повеќето се баш ко што ги опиша - осамени, не водат скоро никаква грижа за себе, а ја наоѓаат и најситната фалинка кај остатокот од светот, посебно кај машките.
И ежот лежи во тоа што инсел и фемсел никогаш не се спојуваат, значи свесни се дека се токсични. :D
Секогаш пристојни припадници на спротивниот пол им се виновни што имаат превисоки стандарди и го бараат само најдоброто, а нудат навреди и едно туширање на две недели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Се вртеше приказнава за Кристина низ многу јутуб канали што прават видеа у стил топ 5 ова, топ 10 она, а-у, го имаше самиот инсерт (без самоубиството, нели), така да ништо чудно да си видел. Не знам сега колку ги држат уште таквите видеа, нели ептен им се сменети правилата, не се знае.
Не сум знаела ама дека е фемсел типката т.е. никаде не беше спомнато, но и во ред си е бидејќи релативно нов е терминот, а видеата што ги гледав кога се збореше за неа беа некаде пред 2014-2015та.

Фемсел ми се мене, реално, голем број од радикалниве феминистки т.е. скоро и сите, ретко ги има оние „е*и го и фрли го“ филм што тераат, туку повеќето се баш ко што ги опиша - осамени, не водат скоро никаква грижа за себе, а ја наоѓаат и најситната фалинка кај остатокот од светот, посебно кај машките.
И ежот лежи во тоа што инсел и фемсел никогаш не се спојуваат, значи свесни се дека се токсични. :D
Секогаш пристојни припадници на спротивниот пол им се виновни што имаат превисоки стандарди и го бараат само најдоброто, а нудат навреди и едно туширање на две недели.

Јас мислам дека го видов самиот чин на суицид на некое видео, не само клипо пред да се убие, затоа ми е еден од оние Мандела ефект моменти. Имало и други ама не е ова тема за тоа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Electra