Инсел!

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Нема директни докази за неговото инселство но од фотките по новини некако имам hunch дека ликот бил инсел.
Официјално бил само сатанист (само лол) и направил ритуал со жртвување човечко битие. Пред тоа се усовршувал на мачки и пци.
(Пци ми е јако зборче)
Сепак не била заклана него според аутопсија се работело за прегризување на гркланот на бабата со заби.
Видов тоа, болно типче.
Мислев некаде може има статија и околу „инселизмот“ (стварно не знам како да изведеме именка од зборов) или нешто да нашле, ќе додадеше само повеќе на психолошкиот профил.
Ама да, доволно е и толку да се знае за да се дојде до заклучокот дека и нема баш помирисано женско суштество, освен случајно, чекајќи ред во продавница.

Имаме и овде еден таков и тоа доста постар, може и 60ка, познаник на моите, за жал.
Бил сосема океј тип дури една не го изгорела за 10к евра и оттогаш малку беше замлатен, типичното сите жени се зло и курви, никоја ништо не заслужува, дрн мрн. После мајка му се обеси со завеса и се расчу дека ја силувал, раја ги „знаеше“ и точните зборови „Ти ме навлече со таа, ти си крива што немам сега жена, ти ќе ми служиш ко жена.“
Ова беше пред минимум 15-6 години, ептен сум била дете, не ме интересирало баш што и како, но ги памтам муабетите. Не знам дали нешто од тоа се докажало, бил ли во затвор (ако воопшто можеле да докажат пошто жената наводно криела и трпела).
Сега едвај оди, имал некој шлог ли, мозочен ли, се влече секој ден по улица, често и со посерени панталони.
Еднаш во Тинекс ја имав честа да присуствувам на негова серка. Две-три од така погрдичките минути во мојот живот.
Мајка ми лани ја видел на плоштадот и ја прашал да му ги исече ноктите на нозете. (worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Значи прво ја заклал, па после сакал да и го извади гркланот со заби ама не успеал. Не може да ја задавел со заби, сигурно не пробувал да ја јаде жива, значи прво ја заклал со нож. Не знам и ова новинариве само пишат нешто. Си имал проблем во главата човекот, сатанистички симболи и натписи пишувал, мачки жртвувал и слично. Ништо ново не е тоа тука, многу пати сатанистички секти правеле забегани работи. Јас тоа би го решил одма, следење на таквите лица долго време и после тоа сите на куп и масакр.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Ух, инселашки инцестофилски манијак, што све не шета по светов :franticНего требало да го институционализираат барем откако ја силувал мајка си (што зборови куцам на темава, страв ме фаќа)
Нов поим е Инсел, сеуште нема поим за множина и за именки.

Како тоа си пишуваш како во Драчево секој ден сатанисти да прават ритуали, ете мене ми е интересно пошто овде не сум чул одамна за толку језив случај, уште од серијашот Лазе Радески што убиваше за девизи а имаше земено гаража под кирија во нашава зграда па мрчеше за една слива да се исечела му сметала да ја стави пезетката в гаража (а во гепекот леш, ама кој да го знае тогаш) :D
Новинарите се повикуваат на обдукцијата, првична претпоставка била дека ја заклал но подоцна се утврдиле трагови на заби, немало трагови на сечење, значи тоа е тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Не прават секој ден ама имаше почесто порано, немало на тв ама тука гледавме, само финтата е што ден два ќе се збори и толку, затоа и толку време опстануваат тие секти. Сите се во стилот остај ги будали се, а баш не треба да ги остават, треба да ги истребат. Иначе за дечково, значи сигурен сум дека ја заклал прво, милион посто прво ја заклал со нож па сакал да ја јаде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Вчера најнов напад на Инселите, 22-годишен британски инселист убил најмалку пет лица во Плимут меѓу кои своите родители, некое дете и комшии и потоа се самоубил, уште еден маченик за каузата на десничарските лица кои поради некоја причина мразат жени.

Ова веќе не е смешно, секоја година има десетици жртви кои страдаат од раце на инсели. Иако најчесто тоа се поединечни злочини, обично ваквите високопрофилни случаи се едиснтвени кои стигнуваат до мејнстримот.
Во моментов Инселизмот е една од најопасните идеологии во светот.
 
  • Sad
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Уфф, не знам како ова од еден глупав Редит или ФорЧен тред каде го сковаа изразот инсел, стана идеологија, па има цели сајтови и форуми. Не сум отворила одамна, ама имаше еден форум што беше мноооогу језив за читање.
Кога ќе видам па, врие инсели по улица. Не може некој да ми каже дека здраворазумен човек што не пати од тешка неебица, има потреба да се врти по рандом женски на улица и да уф-ка, шц-ка, свирка, да оди по тебе со мобилен во обид да ти сликне задник, да праќа бакнежи или да префрла безобразни муабети. Мислам, толку се желни за контакт со женско, тоа е страшно едно.
Кај и да е мислам и на овие простори ќе се случи такво нешто, за жал. Се надевам грешам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Уфф, не знам како ова од еден глупав Редит или ФорЧен тред каде го сковаа изразот инсел, стана идеологија, па има цели сајтови и форуми. Не сум отворила одамна, ама имаше еден форум што беше мноооогу језив за читање.
Кога ќе видам па, врие инсели по улица. Не може некој да ми каже дека здраворазумен човек што не пати од тешка неебица, има потреба да се врти по рандом женски на улица и да уф-ка, шц-ка, свирка, да оди по тебе со мобилен во обид да ти сликне задник, да праќа бакнежи или да префрла безобразни муабети. Мислам, толку се желни за контакт со женско, тоа е страшно едно.
Кај и да е мислам и на овие простори ќе се случи такво нешто, за жал. Се надевам грешам.

Може да имало некој настан и овде само што не стигнал до медиуми, некоја ситуација на stalker-и и манијаци, интересно на овие простори што и женети лица се впуштаат во манијачење, особено со нетот сега им е најлесно.
По нет врие инсели кои ги величаат убиците и индиректно најавуваат дека и тие би можеле да направат нешто слично и никој ништо не презема, никогаш немало вакво нешто во светот, особено што инселизмот како идеологија се подудара во некои аспекти со десничарство особено лудаци кои се опседнати со оружје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Може да имало некој настан и овде само што не стигнал до медиуми, некоја ситуација на stalker-и и манијаци, интересно на овие простори што и женети лица се впуштаат во манијачење, особено со нетот сега им е најлесно.
По нет врие инсели кои ги величаат убиците и индиректно најавуваат дека и тие би можеле да направат нешто слично и никој ништо не презема, никогаш немало вакво нешто во светот, особено што инселизмот како идеологија се подудара во некои аспекти со десничарство особено лудаци кои се опседнати со оружје.
За дел од таквите манијаци, I'll just leave this here.
Има од сите видови - од напалени дечишта до чичковци што пишуваат на 12 годишни.
И во ФИРОМ е за Инсел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Страшни трендови се појавуваат по цивилизараниот свет.
Како реакција на сеприсутната woke & cancel & safe space постмодерна култура, се појавуваат поприличен број мажи кои се препуштаат на мразење жени!
Легии инсели, пијаници пред кооперација, женомрсци, стари ергени, манијаци, егзибиционисти, семејни и остали насилници = се осеќаат нелагодно во општеството до таа мера да ги подржуваат Талибаните!
И тоа е само оние кои се изјаснуваат јавно, реалната бројка секако е поголема пошто не секој од наведените категории би се осмелил да истапи со подршка на средновековните лудаци познати како Талибани.

Не можам да сфатам која е причината за омразата кон жените?!
Што е тоа што предизвикува вакви реакции?
Ајде има случаи каде мајката била насилна или пак ги напуштила децата, тешки разводи, превари од страна на девојки и жени и сето тоа, но сепак не е возможно тие причини да се во толкав, веќе загрижувачки број.
Настрана што било како да биле некогаш повредени од жена, тоа не смее да значи дека сите жени треба да се стават во ист кош, тоа е дебилизам. Покрај тоа не верувам дека инселите пример, некогаш имале врска со жена па да воопшто бидат повредени од жена.

Тука е и ситуацијата каде наведените лица очекуваат од некаде дадено право на женски полов орган, само затоа што самите тие имаат пенис. И тоа е нова, прилично пост-модерна состојба на entitlement до крајна мерка.

Еееј до каде се стигна, машка раја да се пали на Талибани во 2021 :banghead:banghead
Дај нек се опраат луѓево што поскоро.
 
  • Wow
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur

Не можам да сфатам која е причината за омразата кон жените?!
Што е тоа што предизвикува вакви реакции?
Ајде има случаи каде мајката била насилна или пак ги напуштила децата, тешки разводи, превари од страна на девојки и жени и сето тоа, но сепак не е возможно тие причини да се во толкав, веќе загрижувачки број.
Настрана што било како да биле некогаш повредени од жена, тоа не смее да значи дека сите жени треба да се стават во ист кош, тоа е дебилизам. Покрај тоа не верувам дека инселите пример, некогаш имале врска со жена па да воопшто бидат повредени од жена.

Тука е и ситуацијата каде наведените лица очекуваат од некаде дадено право на женски полов орган, само затоа што самите тие имаат пенис. И тоа е нова, прилично пост-модерна состојба на entitlement до крајна мерка.
Болдот е дел од одговорот. Премногу станаа сите entitled (не ми текнува македонски збор) дека им следува ваџејџеј без оглед на тоа како се однесуваат + им иде во полза тоа што трудот да се освои некоја личност е сведен на минимум. Луѓе буквално романтизираат и паѓаат во несвест ако некој редовно и културно им враќа на пораки, не ги вреѓа (кај некои оди и дотаму „па не ме вара и тепа, супер е“), преголемо злоупотребување на „Ако ме сакаш, сакај ме ко што сум“ (хинт: токсичен/на в крај), итн. Уствари, ова е супер нова тема за дискусија.

Тука ќе спомнам и дека сигурно игра улогата на т.н. инфлуенсерки што се сликаат послободно, промовираат крпчиња, итн., па господава ги фаќа некое чувство дека курвата ете пред цел свет се соблекла скоро гола, а ваму нему му глуми поштена. Пошто не дај Боже да не ти се допаѓа некој што ти пишал порака „Уффф, ама би те распарчил“ и очекува тоа да го земеш ко најголем комплимент.
Немањето што да се понуди, посебно карактерно (па уште и да се комплексаши ради премногу или премалку финансии) + јаката неебица ги припишуваат ко вина на женското, не своја и тука настануваат илузиите.
Преку ова со Талибанциве само откриваат што би правеле на жените кога би немало закони што би ги стрпале во затвор за навек (или да ги убие некој роднина на женската).
Инсели секако се на ниво каде би се возбудиле од гол глужд, така да сето покривање, тепање, угнетување и силување им одговара - нула труд и физичко задоволство без да треба да покажат карактер и емоции што не им се оформени од Х причини/трауми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider