Филмов ми е гледан ко дете, а ми текна на него дури ја гледав The Queen's Gambit.
Паметам дека некоја таква тематика беше - мало девојче (мислам беше со плава коса) беше многу добро во шах и се натпреваруваше со различни луѓе. Чинам таблата ја доби од некоја продавничка и така се научи. Можно е да имаше некои „магични“ елементи, навистина не се сеќавам на многу сцени, само на слики.
Го имаше на МТВ најверојатно, а не знам ни дали сум имала 10 години кога го гледав, значи доцни 90ти-рани 2000ти го давале. Според снимката, претпоставувам снимен е така некаде од доцни 40ти до кај 70ти можеби...
Ако некој види и му текне, благодарам. Секако со гоооодини повремено ми текнува на филмов, но немам среќа во пронаоѓањето.