Па дали нешто се случило ако нема теорија на заговор околу истото?
Има еден Србин што ги објавува најлудите теории на заговор што може да ги замислите, па вчера налетав на едно видео како зборува и за потонувањето на Титаник дека е намерно.
Зошто? Поради воспоставувањето на Федералните Резерви на САД, во која позадина, секако, се кријаат Ротшилдови (значи нема каде не се спомнати, сигурно и Александар Македонски го имаат скинато).
Е сега, на Титаник наводно биле три големи имиња кои се противеле на идејата за един народ-една банка, а тоа биле Исидор Штраус, Бенџамин Гугенхајм и Џејкоб Астор.
Така, за овие три лика да бидат спречени да наводно не се бунат околу ФРС, некој решил (Ротшилд де) дека е најлогично и најмалку сомнително ако истите потонат и однесат со себе уште 1500 луѓе. Ситница.
И така Титаник намерно бил втеран во сантата мраз поради овие тројца, а ФРС официјално била основана наредната, 1913та година.
Нормално, Гугл скоро ништо не знае за поврзаноста и ставовите на овие тројца бизнисмени и ФРС, а да не е некој нискобуџетен сајт за теории на заговор.