Да те потсетам што напиша.....
Постојат уште
постари весници кој
не се српски, каде се оцрнува една личност која е поврзана со црна магија и секакви неморални чинови.
Кое секој човек би го квалификувал како сатанисти.
Ако тој што уживал во кока и пишувал книга за рецепти, немаше да биде толку битно, но кога се работи за духовно/ филозофски правци и те како е битно.Тоа му доаѓа како Марадона да компонира сериозна музика и ја промовира како единствено ремек дело која е иднината во човековиот музички свет, а се друго е ѓубре на старите времиња.
Види, зборваме за нешто каде треба да се разбере прихолошкиот профил на човек и да допре до најдлабоките нешта во душата на човекот (кога викам човек-мислам човек , а не некој поединец -сето тоа е внатре)за да се разбереат некој работи кој во општеството се манифестираат.
Постојат најразлични случаеви на пример, деца кој се деградирани во општеството и покажувани со прст.
Тука во детските години каде се гради карактерот таа деградација ќе се манифестира како омраза и неприпадност во општествениот свет.Овде влегуваат деца со телесен недостаток, деца сведоци на насилства , омаловажувани и понижувани од неморални родители, сето тоа во иднина под дејство на ваква филозофија ќе исплива со насилен однос кон тоа што го сметаат за непријател....религија, семејство , општествен систем итн.
Нема ништо лошо во тоа луѓе да ја лечат сопствената болка во наркотични срества се додека не отпочнат своите фантазии да ги преточуваат во филозофски правци и згора на тоа тука некој промотори да ја рекламираат тврдејќи дека е филозофија на новиот еон.
Како и да е , многу контраверзна личност е Кроули што не заслужува внимание , но еве оставил наркоманска фантазија кој некој ја прифатил како своја филозофија на живеење.
Се разбира дека не земам ништо здраво за готово , овде се работи за сосема друго...духовност.
Колку само варијации произлегле од она кое треба да биде вода за "гасење" жед, а други го направија трговија со човечки души!