Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
@Abraxas :)
Што знаеш ти за Телема?
Поглени како дотичната госпоѓица „во лице“ ти вели дека си фанатик и саможивник и тоа бидејќи си Телемит и си го прифатил Законот на Телема за твој правилник за дејствување во животот...
А апсолутно незпоазнаена со било што, дури и основни философски поставки на она што е Телема.

Па и ти повторува како гени истражување и слично е потребно за да спознаеш зошто си сега на Земјата и што со постоењево...
А сигурно овие што коментираат тука со години, не си ги ниту знаат имињата на своите прародители, барем 4 генерации наназад.

Но добро е што знаеме дека никогаш не бираат начин за да се обидат да кажат нешто негативно за Телема, а тоа е и добро, бидејќи така покажуваат колку малку знаат за овие ствари... инаку ќе бираа многу мудро како и што и кога :)

Само забележи го изборот на зборови... и ти очекуваш Телема кај овие луѓе? Мора да имаат за почеток нешто повеќе во нив, потоа другото... но, добро е што не зборуваме само за овие два-тројца кои ја имаат улогата за негативно зборување кон Законот на Телема, Кроули, иницијации, Редови итн итн

Секако има и друг вид на луѓе, различен од овој :)


sdsa.png
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
,
Во однос на твоите ,,констатации" и повеќе од доволно ти се дадени аргументи. Посочени ти се книги, цитати, факти. На пример во Иницијација во еонот на детето од Гунтер, сигурно не се зборува за алф, се зборува за она што алф го спори без да има познавање и знаење за истото. Што значи зборуваме за критиката, а таа индиректно зборува за критичарот. Ти многу добро знаеш дека сум во право, но реши да играш на картатата на навреденост.
Ти сметаш дека одреден цитат, посочена книга може да преставува аргумент за духовност?
Абракс, тоа може да го тврдиш за научни трудови, но не и за духовност.
Да постоеа пишани аргументи немаше да постојат голем број религии и филозофски правци.
Но, бидејќи човек има потреба да се социјализира со духвни истомисленици одбира правец , застанува во првите редови кога е во прашање одбрана од критики.Иако тоа "војување" некој може да го стави на хартија , не се исклучува можноста да се застане од страна и да набљудува.Тој момент тебе и на Хепта ви недостасува.
Колку повеќе ве "чепкам" за телема толку повеќе сте воонствени во нејзина одбрана.
Ајде , можеби со тек на време ќе научите духовно да "војувате".


Кога сме кај пренесување на лични разговори, треба ли да те потсетувам дека ти еден таков помеѓу мене и тебе, пренесе јавно на фурум со над 40 000 членови? Или си го заборавил тоа? Не си гледаш гредите во сопствените очи.
Сигурно мислиш за змијата.
Тоа беше духовно откривање кое не требаше да те навреди, туку напротив да го ослободи Ипси .Ја разбирам твојата реакција , но Ипси е само ник , превез позади кој стоиш,а тоа него чепнав.
За разлика од тебе ти пренесе приватни работи кој духовно ништо не допираат со alf , туку со мојот приватен живот.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
,
Ти сметаш дека одреден цитат, посочена книга може да преставува аргумент за духовност?
Абракс, тоа може да го тврдиш за научни трудови, но не и за духовност.
Да постоеа пишани аргументи немаше да постојат голем број религии и филозофски правци.
Но, бидејќи човек има потреба да се социјализира со духвни истомисленици одбира правец , застанува во првите редови кога е во прашање одбрана од критики.Иако тоа "војување" некој може да го стави на хартија , не се исклучува можноста да се застане од страна и да набљудува.Тој момент тебе и на Хепта ви недостасува.
Колку повеќе ве "чепкам" за телема толку повеќе сте воонствени во нејзина одбрана.
Ајде , можеби со тек на време ќе научите духовно да "војувате".
Книгите и цитатите не се аргумент за духовност, туку аргумент дека тоа со што не ,,чепкаш" не е Телема. Слично како што погоре членот не разграничува слободна волја од вистинска - чиста волја, а брза да даде мислење што е Телема. Духовноста за различни луѓе може да преставува различна работа, овде ние се трудиме да објасниме што е таа од аспект на новиот еон. И писмесноста не е азбуката сама по себе, но е суштинска алатка без која нема пишана комуникација, ако не ги користиш буквите и речениците на соодветен начин, ќе нема комуникација. Слично е и со Телемата.
,
Сигурно мислиш за змијата.
Тоа беше духовно откривање кое не требаше да те навреди, туку напротив да го ослободи Ипси .Ја разбирам твојата реакција , но Ипси е само ник , превез позади кој стоиш,а тоа него чепнав.
За разлика од тебе ти пренесе приватни работи кој духовно ништо не допираат со alf , туку со мојот приватен живот.
Па и алф е само ник, и јас тоа што го кажав треба да те ослободи. Ништо различно нема, освен тоа што ти пренесе нешто што сум ти го кажал во доверба на јавен форум со над 40 000 членови, нешто кое јас никогаш не сум го направил. И јас тоа што го кажав немаше врска со ниеден ник од ниеден форум, туку со мојот приватен живот а ти го злоупотреби.
Двојни стандарди имаш.
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
Книгите и цитатите не се аргумент за духовност, туку аргумент дека тоа со што не ,,чепкаш" не е Телема. Слично како што погоре членот не разграничува слободна волја од вистинска - чиста волја, а брза да даде мислење што е Телема. Духовноста за различни луѓе може да преставува различна работа, овде ние се трудиме да објасниме што е таа од аспект на новиот еон. И писмесноста не е азбуката сама по себе, но е суштинска алатка без која нема пишана комуникација, ако не ги користиш буквите и речениците на соодветен начин, ќе нема комуникација. Слично е и со Телемата.
Abraxas, многу е важно да се знае потеклото на таа духовност која се трудите да ја објасните.
Имате само одреден закон од некој пратеник на силите кои владеат со земјата,дадени на вашиот пророк Коули.
За да се раздели една духовност од друга духовност во вашиот случај сте ставиле поделба со време, односно применувате термин нов еон во кој ги набројувате одредени промени со општествениот систем и викате , ете тие промени се поради новиот еон.
Не држи вода ништо од ова.Мора малку повеќе да се потрудите.

Но мене ми изгледа дека вие само се тудите да ги понајдете оние луѓе кои се наоѓаат во недоумица во своето духовно убедување, оние кој немаат ништо заедничко со моменталните религиски групи.Не дека тие никогаш не постоеле (да не си го препишете тоа како дел од некој нов еон) , но сега благодарение на модерната технологија можат прикриено да ги искажат своите ставови, да споделат искуства и слично.Таквите ви се целна група кој сакате да ги придобиете во телема.
Зато и Хепта се скрши од постирање линкови од неговиот блог, нема тема каде не става линк, битно му е бројчаникот на блогот да му врти, добивајќи некоја садисфакција дека ја промовира телема.А од себеосознавање нема ниту С.(тоа се приметува во комуникацијата)

Па и алф е само ник, и јас тоа што го кажав треба да те ослободи. Ништо различно нема, освен тоа што ти пренесе нешто што сум ти го кажал во доверба на јавен форум со над 40 000 членови, нешто кое јас никогаш не сум го направил. И јас тоа што го кажав немаше врска со ниеден ник од ниеден форум, туку со мојот приватен живот а ти го злоупотреби.
Двојни стандарди имаш.
Ова ќе го решиме во приватна порака!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
, кога гледам дека истиот не прави разлика помеѓу слободна воЛЈа и вистинска воЛЈа.
Манирите не ми дозволуваат, инаку ќе ти објаснев што да правиш со твоето мислење.

Од секогаш ме нервирале луѓе кои правејќи се дека имаат манири, всушност задкулисно ти кажуваат што мислат за тебе...јас ги викам двотарифни луѓе...но, доволно сум умна да знам што мислиш за мене, НО НИКАКО ДА ЈА УВИДАМ РАЗЛИКАТА МЕЃУ СЛОБОДНА И ВИСТИНСКА ВОЛЈА!
Можеби вие незнаете да ја објасните, па еве те молам ако можеш во кратки црти, јасно, без да ми нудиш литератури, книги, блогови идр.
Објасни ми ја разликата...иако јас тврдам одговорно дека слободна волја не постои, камоли вистинска.

Во животот секојдневно се сопнуваме од разни одговорности, од неисполнети желби, разни навреди, болести, празен џеб и гладен стомак, неправди... И сега ти во ваков метеж ќе живееш по твој закон!???
Можам да кажам само Браво, алал нека вие!!
 
Последна промена:

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Abraxas, многу е важно да се знае потеклото на таа духовност која се трудите да ја објасните.
Имате само одреден закон од некој пратеник на силите кои владеат со земјата,дадени на вашиот пророк Коули.
За да се раздели една духовност од друга духовност во вашиот случај сте ставиле поделба со време, односно применувате термин нов еон во кој ги набројувате одредени промени со општествениот систем и викате , ете тие промени се поради новиот еон.
Не држи вода ништо од ова.Мора малку повеќе да се потрудите.

Но мене ми изгледа дека вие само се тудите да ги понајдете оние луѓе кои се наоѓаат во недоумица во своето духовно убедување, оние кој немаат ништо заедничко со моменталните религиски групи.Не дека тие никогаш не постоеле (да не си го препишете тоа како дел од некој нов еон) , но сега благодарение на модерната технологија можат прикриено да ги искажат своите ставови, да споделат искуства и слично.Таквите ви се целна група кој сакате да ги придобиете во телема.
Зато и Хепта се скрши од постирање линкови од неговиот блог, нема тема каде не става линк, битно му е бројчаникот на блогот да му врти, добивајќи некоја садисфакција дека ја промовира телема.А од себеосознавање нема ниту С.(тоа се приметува во комуникацијата)


Ова ќе го решиме во приватна порака!
Јас затоа ти посочив конкретна книга, за да видиш што се тие еони и зошто и како се поделени со време, вака нормално нема да држи вода ништо, кога градиш заклучоци врз сопствени интерпретации за нешта кои реално не ги познаваш.
Нема ништо мистериозно за потеклото на нашата духовност, тоа е динамичкиот аспект на нашето битие, суштината, предодреденоста. Тоа што е мистериозно е нејзината природа, мистериозна е бидејќи треба да се осознае, а тоа не се постигнува со филозофирање.

Што се однесува до тоа дека целна група ни биле луѓе што се во недоумица, поголема глупост одамна не сум слушнал... Зошто би сакал да придобијам човек што е во недоумица? Не сме ние култ шго бара слепа послушност, ние сакаме свет каде индивидуата е темел на општеството, силна, независна, одлучна. Каде секој сам открива кој е неговиот пат, со тоа стекнувајќи почит кон оние што имаат различен пат од неговиот. Ова не е свет и општество на луѓе во недоумица.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Од секогаш ме нервирале луѓе кои правејќи се дека имаат манири, всушност задкулисно ти кажуваат што мислат за тебе...јас ги викам двотарифни луѓе...но, доволно сум умна да знам што мислиш за мене, НО НИКАКО ДА ЈА УВИДАМ РАЗЛИКАТА МЕЃУ СЛОБОДНА И ВИСТИНСКА ВОЛЈА!
Можеби вие незнаете да ја објасните, па еве те молам ако можеш во кратки црти, јасно, без да ми нудиш литератури, книги, блогови идр.
Објасни ми ја разликата...иако јас тврдам одговорно дека слободна волја не постои, камоли вистинска.

Во животот секојдневно се сопнуваме од разни одговорности, од неисполнети желби, разни навреди, болести, празен џеб и гладен стомак, неправди... И сега ти во ваков метеж ќе живееш по твој закон!???
Можам да кажам само Браво, алал нека вие!!
Слободна вллја е можност да бираш од опциите што ти стојат на располагање.
Вистинска - чиста волја од телемитски аспект е волја која не е ,,загадена" со страст за резултат. На пример волјата да најдеш работа во себе крие мотив (страст за резултат), сакаш да имаш работа затоа што сакаш пари. Парите пак исто така се ,,загадени од страст за резултат" сакаш пари, бидејќи со нив сакаш да добиеш нешто, на пример кола. Колата пак ја сакаш затоа што сакаш да стигнеш од едно место до друго.....итн, итн. Будистите поради тоа желбата ја посочиле како причина за страдањето.
Чистата - вистинска волја е она што го правиш без да има цел за нешто трето. Кога самото тоа што го правиш е цел за себе. На пример кога сликарот слика не за да добие заработка, туку затоа што самото сликање го исполнува, му дава смисла. Чистата волја е онаа која не ги попречува чистите волји на останатите, туку е порив кој самодоволен на себе.

Сето ова е повеќе пати објаснето на темава наназад.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Нешто од моите размислувања во врска со A.'.A.'. Изданијата во Класа А, поточно со Liber LXV или Срцето Обвиткано со Змија.
Цитатите од десно, се наоѓаат скриени во сликата на лево.

За истата книга имам создадено уште една слика, според моето разбирање на нештата и моето искуство, која заедно со цитатите кои ја надополнуваат можете да ја видете тука.

liber-lxv11.png
 
Последна промена:

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
93
Значи сепак телема се базира на верување?
Иако малку си контрадикторен, да верувам или да не верувам?
@Хептаграм XI , не одговори на овие прашања.

П.с. џокерот повикај пријател го искористи , ти остана уште 50/50 и прашај ја публиката.:kafe
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
@Хептаграм XI , не одговори на овие прашања.

П.с. џокерот повикај пријател го искористи , ти остана уште 50/50 и прашај ја публиката.:kafe
Глупости прашуваш, заглавен во старо-еонското верување и бесцелен сарказам, само за да нешто дознаеш повеќе, а не може да ти се каже повеќе бидејќи толку можеш да примеш од ова што ти се збори. Измешани ти се симболите... што и да ти се каже повеќе, само ќе те збунува...

Едноставно Телема е бескончена во нејзината интерпретација за поединецот ... само исходот може да ти ги поправи размислите, а тој исход доаѓа со... итн итн :)
Зборував за овие ствари, наназад, оди секогаш наназад кога забораваш.

Не разбираш што ти зборувам, затоа ти е се контрадикторно... а и некако како да не ме читаш што зборувам на форумов :)

„Не убедуваме, велиме сите оние кои ги интересира Телема да прочитаат по книгите што се има, да соберат информации, да пробаат што вели Законот во пракса и ако не добијат ништо во однос на Аиваз и философијата - да си заминат и да си бараат „лебот“ во други философии и начини на живот. Друг начин не постои.
Едноставно е... ова што го зборуваме за истражувањето важи за оние кои ги интересира Телема, другите - ете им го крстот и нека го влечкаат со нив наоколу, ние не можеме да носиме туѓи проблеми :)

А ти, не истражувај - само верувај и ќе стигнеш најдалеку од сите. Not.“
- Хептаграм XI

Сеуште мислиш дека треба да веруваш? Ок, верувај - работата е што никој не може да ти каже дека не може да веруваш во поставките на Законот на Телема. Но може да ти кажат да пробаш да постигнеш она во кое што веруваш. Исто како во животот.
Веруваш дека раѓањето на дете е врвот? Направи го тоа! :)

Ти воопшто знаеш ли за што се е способен човекот? Посебно кога се работи за универзумот? :)
Законот на Телема векли „Прави што ти е волја... “ - поголема заповед да бидеш она што си, за да завршиш она за што си способен тука - НЕМА!
Да, ЗАПОВЕД! :) Бидејќи на Земјата кога се работи за Закон - тоа е правило кое не може да го скршиш бидејќи е против природата!
Нормално со други пораки поврзани со оваа, од Законот, ти даваат практично што како би одело...

Немој само со слики каде човекот прави огромно зло. Ако на физичко ниво е способен за такво нешто, можеш ли да замислиш на други нивоа што може со тој ум и со сето искуство собрано на Земјата? Бидејќи злото е на Земјата, на друго место не постои :)
 
Последна промена: