Сето тоа е убаво, но во што е твојот живот подобар од нашиот, во што е разликата помеѓу телема и било кој друг верник, неверник, обичен смртник...што тоа вас ве прави посебни, уникатни, малубројни и неприфатени!???
Не убедуваме, велиме сите оние кои ги интересира Телема да прочитаат по книгите што се има, да соберат информации, да пробаат што вели Законот во пракса и ако не добијат ништо во однос на Аиваз и философијата - да си заминат и да си бараат „лебот“ во други философии и начини на живот. Друг начин не постои.
Едноставно е... ова што го зборуваме за истражувањето важи за оние кои ги интересира Телема, другите - ете им го крстот и нека го влечкаат со нив наоколу, ние не можеме да носиме туѓи проблеми
А ти, не истражувај - само верувај и ќе стигнеш најдалеку од сите. Not.
Ти прочита за „сили кои владеат со Земјата и човештвото“ и застана тука бидејќи не можеш да веруваш во тоа бидејќи за тебе верувањето лежи во зоната на она што е пријатно за тебе и го соединуваш со твојот универзум на свесност. А не ни треба да веруваш... бидејќи само ако се потпираш на стварите со верување, она што тебе ти чини дека е правилно - е лоша ствар.
Не води никаде.
Мене не ми е чудно ниту גַּבְרִיאֵל што го донел законот познат како Ислам, ниту пак Јехешуа што зборувал како што зборувал и многу други ствари... не ми е чудно ниту астрал, ниту тоа дека Deus homo est ... но не можам да направам тебе да не ти е чудно, бидејќи и порано сум зборувал: на дете што не знае да брои до 10, не му се дава кибрит и петарда - ќе направи глупости...
Едноставно одмини го ти Законот на Телема штом ти е проблем истиот. Немаш потреба да се заморуваш со Аиваз и со било какви сили бидејќи тие се недостапни за тебе...
Затоа и тоа досадување да седнете да почнете да ги изучувате различните системи, реално да ги поврзувате без да создавате ваши секташки размисли - бидејќи само со научно истражување ќе го спасиме човештвото, а не со дрдорења од твојот вид.
Жално е што ти имаш проблем да истражуваш... но сигурно други ќе немаат такви препреки. За нив, друго ќе е искушението
P.S. Јас не сум Телема, јас зборувам за Телема колку можам и колку сакам да кажам... Јас сум само Телемит, човек што го прифатил Законот, го истражува и чиј што пат го довел и да биде иницијант во Ред кој што го прифатил истиот Закон. Едноставно.
Велиш дека секој треба прво да се себе спознае...јас велам дека тоа е невозможно, нема шанси човек да знае се за себе...да се анализираш генетски, да знаеш твоите клетки кои се болести носат, што добиле а што ќе пренесат, колку му го скратуваат животниот век идр...тоа неможе никој да го дознае(можеби може во лаборатории научни, но колку би чинело тоа)...а и кого пак го занима толку тоа себеспознанието..или не одите вие толку далеку до анализите, поважни ви се ритуалите измислени оф некој АК!?