Premier League 2017/18 (FA Cup, Carabao cup, Championship)

Кој ќе освои титула?

  • Вкупно гласале
    9

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Алелуја заврши тоа досадната пауза.
Ливерпул пресврт против Кристал, Салах поставува рекорди. Ма да требаше Мане да си добие црвен картон за тоа што си ја собра топката и тоа во ситуација кога можеа да шутираат од шеснаесетник. Убава игра пружаа Палас, се надевам нема да излезат. ВБА се сигурни за ЧемпионШип другиве висат некако. Сезонава повеќе борба има за опстанок отколку за титула :zelen

И за 6.место борбата е неизвесна :pusi Барнли и Лестер се во потера по Арсенал:kafe
Сандерленд ги сјебале Дерби 1-4 кои се борат за плеј-оф ама пак ќе биде тешко, Шрузбери е на пат кон Чемпионшип :eek:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Пиј си каве пиј си тутун нека суди судијата пар пенали, победи си 3-0 :unsure
Во спротивно ќе беше језиво, ваљда 1-0 со троа среќа.

Еврејте тукушто го пратија Челзи во ЛЕ :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Makedonec

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Тоа на Озил било кој судија ќе го судеше пенал. Пред месец дена поради иста таква ситуација летна нога и кариера е во прашање. Не е коректно да ставаш нога баш пред да ја удри топката другиот играч.
Прво полувреме очобол беше, освен Рамзи што пробуваше нешто другите беа ко изгубени. Браќата конечно добро изиграа, Венгер конечно го седна Ивоби, а одбраната конечно профункционира. Мустафи имаше неколку добри стартови (ама стварно изгледа Неста му е идол, па само клиза по терен), Чемберс се` подобар е и може да се игра и на DMF заедно со некој што знае да изнесе топка напред. Велбек се изгуби скроз, Монреал и Белерин не знаеја дали се напаѓачки крила или дефанзивци па поради таа нивна неодлучност 60 минути се збутаа сите во средина и ко да беше малку бункерот на Стоук па и овие 6-7 начукани во тој простор. Измените дојдоа во право време и Мики и Лаказет убаво ја раширија играта и направија простор. Обамејанг со тоа што го пушти пеналот на Лаказет покажа колку му е важно да има добра соблекувална. И сакам да излезат Стоук, не ги сакам ама ич иако не се толку копачи сега не можам да ги заборавам сите повреди од нив. Портсмут нека ги снајде, само да не се вратат во ПЛ.

Евреите ко поголемо ривалство да имаат со Челси одошто со Арсенал. Вчера Вертонген со цела копачка го срина Азар на два месеци пред Светско. Конте изгледа веќе со мислите е далеку од Лондон штом пружа вакви партии со Челзи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Фертонген е ептен касап а нема таков хајп за него што е чудно, треба да јаде 5-6 меча казна за онакви погубни стартови.
Што не носи до темата СП ама сеуште е рано, ќе отворам фина и скоцкана тема иако не чита никој, скрибоманијата се активира :showoff

Ливерпул тукушто го изгази, масакрира, демонтира М.Сити, иако имав некој оптимизам дека можат да поминат сепак не очекував буквално СОВРШЕНО прво полувреме, одамна немам видено такво нешто. Второто се јави старата болка на Ливерпул а.к.а кондициски пад, да ги имаа фитнес тренерите од Арсенал ќе беа шампиони барем на два фронта :zelen Арсеналовци имаат најјака кондиција во ПЛ ама им фалат други ствари како пример мозочна маса :ladno
Мане и Салах искинаа, Чемберлен кое голчиште проби мрежа скоро од 25м :eek:

Штета што се повреди Салах, би било ептен срање да не може да игра реванш (:|
Хендерсон жолт, нема да игра а го стави во џеб Де Бруине ццц.
Иако е 3-0 поради низа околности, повреди и суспензии ништо не е готово нажалост :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
И тоа втор пат го рашлакаа ќелавиот годинава. Се надевам дека Салах ќе се врати за следната утакмица. Колку само ми беше мерак што изгубија, не можам да ги гледам веќе Сити. И за Пеп отсекогаш сум мислел дека е преценет тренер исто како и Хозе, гледаат да се начукаат само во богати тимови (добро ај Хозе имаше мал исклучок кога го водеше Порто кога диносауруси шетаа по земјата) каде што само си прават список и им купуваат играчи. За разлика од нив се Раниери, Клоп, Венгер (кој 2 пати го има одбиено Флорентино Перез со бланко чек за да му купува играчи), Бенитез, менаџери за почит кои што знаат да постават игра со тоа што го нашле и да гледаат на долги патеки наместо инстант успех.
Точно, 3-0 не е нешто недостижно против Ливерпул особено со оваа одбрана. Кариус сношти среќа што не му шутнаа, едно 90% сум сигурен дека ќе примеше гол ама среќа средината беше феноменална и не дозволи никаков продор. Следна утакмица без Хендерсон сигурно, а другите ќе видиме. Инаку и ван Дајк ептен убаво се снајде во Ливерпул. Не е за џабе најскап дефанзивец. Уште на Етихад да се одигра вака и нафташите слободно може да си ги запалат милијардите што ги фрлија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Добро сега да не се претерува, Гвардиола сепак форсира секогаш напаѓачки фудбал и остава простор да прими голови :kafe е сеа зависи кој што очекува од фудбалот, јас на пример очекувам акции, голови, драми, пресврти, епови :pusi Засега Гвардиола форсира ок игра која е добра за гледање за разлика од гнојот Мурињо или оној манијакот од Стоук што беше порано, Тони Пјулис (иако до некаде ајде разбирливо, сепак Стоук беше екипа со анонимуси со буџет колку неделна плата на Погба)

Арсенал со веројатно најдоброто полувреме оваа сезона воопшто, нејасно е како утакмицата не заврши 10-1, голот на Ремзи ќе биде во конкуренција за гол на сезоната и општо акцијата беше класична арсеналовска со пети, пасови без гледање, јаки асистенции и на крај лоб со пета :eek:

Второто тие русите немаа сила, голманот им наликуваше на Мињоле само што и сами не знаат како се извлекоа со само 4 гола во мрежа, во второ се изнаредија Михитаријан, Ивоби, Ремзи 3-4 шанси и една статива, Велбек, Озил... неверојатно но вистинито, само 4 гола на крај ццц...
Лаказет добар, Ремзи одличен, Озил одигра конечно како што се очекува.

Би требало да е доволно за реванш, но сепак се работи за Арсенал кои како и Ливерпул, никогаш не е човек 100% сигурен :mad:

Утре на Гудисон се игра Мерсисајд дербито Евертон-Ливерпул, очекувам касапски стартови од евертоновци, а подоцна играат М.Сити-М.Јунајтед во меч во кој Сити со победа и официјално го подигнува пехарот во ПЛ, и тоа против градскиот ривал - дома.
Арсенал во недела ќе се обиде да го испадне Саутемптон кој низ сезониве му задаваше главоболки на Венгер, со пораз ќе бидат на праг на Чемпионшип.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не зборам за стилот на играта туку пристапот кон клубот. Мурињо и Гвардиола се тренери за инстант успех, им даваш бланко чек и ти трошат милијарда за две сезони и добиваш титула и тим кој што само тогаш функционира. Нема тука вложување во младинци, развивање таленти, градење клубска филозофија и слично.
Стилот е далеку од сличен, мада кога дојде во Челси и Хозе беше океј тренер кој форсираше напаѓачки фудбал и памтам дека се жалеше од тогашните бункераши ко Тотнам, Сити, КПР, Рединг и слични.

Градското дерби денес на моменти досадно и тамам ќе речеш досадна утакмица и се случува пресврт во игра, шанси на двете страни. Штета не падна гол барем, иако можеше да биде пример 3-3. Од двата тима комотно можеше еден состав поранешни сотонаши да се направи :D

Арсенал со ЦСКА, среќа што Озил, Рамзи, Мики и Лаказет беа расположени. Одбраната стандардно лоша, среќа е само еден гол што примија. Вилшер многу потфрли на утакмицата и исто Белерин беше далеку од тоа што треба да биде, ко без душа беше. Читав нешто веган станал па може и до тоа да е. Првиот гол што го поништија не сум баш сигурен дека беше офсајд ама и без тој убава победа. Само да не смрзнат во Москва во четврток и ако продолжат да не се падне Атлетико во полуфинале.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Makedonec

Тоа да, тие се менаџери за екипи со бланко чек, за жал фудбалот отиде во таа насока во која што отиде, во последниве 10-тина години влегоа манијакални пари и на сцена стапија такви менаџери. Мурињо играше гнојаст фудбал со Порто, паметам финалето на ЛЕ Порто-Селтик тоа беше сезоната пред Порто да земе ЛШ, шта речи...
После во Челзи да, играа добар фудбал и напаѓаа, сеа не знам после што и како ваљда во Интер играл тежок бункер или каде и да се моташе но она што го игра денес е крајно иритантно.

Ова Мерсисајд дерби беше најлошо евер, Ливерпул со комбиниран состав во очекување на реваншот од ЛШ а Евертон стихијно безвеза, на крај можеа и да победат ама ги немаше никаде 75 минути пред тоа, штета, какви само утакмици имало на Гудисон порано.

Арсенал сепак го доби Сотон, малку на мускули но и тоа се три бода, знаев дека Остин ќе даде гол кога влегуваше пошто Арсенал му е традиција, си замислувам како Хјуз му вика "ајде станувај, влегуваш во игра, оди и клавај гол" :D Среќа што не даде и втор а имаше шанса.
Играчот кој на фаца најмногу потсетува на Пеле :zelen (Велбек) одигра меч на сезоната, 2 гола и јака асистенција со пета за Обамејанг...и промаши празен гол од 2 метра, сцена која ќе си најде место во разни емисии за најсмешни моменти :kafeБарем да имаше 5% од квалитетите на Пеле а не само сличноста по фаца
This :
1319748131pele.jpg

plus this :
1410109068731_wps_9_BASEL_SWITZERLAND_SEPTEMB.jpg

equals this :
ByIanepIQAAzcGW.jpg

Имаше талент Велбек ама имал некој синдром нешто, дали затоа нозете не му се развиени пропорционално со телото и не ја крепат тежината па затоа така делува како да е на мраз цело време (екстремна верзија на оваа појава беше Саного а порано и `Нванкво Кану кој имал 47 години кога потпишал за ВБА со лажирани документи од Нигерија, таму правеле дубари такви и 33 годишњаци играле на У-21 светски за да освојат:D НВАНКВО :D)

Тепачката на крај безвеза, тој Стивенс каков копач и ретард со бокс му влезе на Вилшер, ццц, реакцијата на Колашинац како тенк му влезе :pusi

Со ЦСКА не беше проблем одбраната толку, имаше еден кикс на Мустафи лошо исфрли и оттаму падна слободниот и после во шокот тој Муса имаше уште една шанса наредна минути, после тоа едно добри 70 минути ништо не помина назад, сите обиди на ЦСКА беа неутрализирани е сеа не знам што ниво се тие точно, ако се земе дека ПЛ, Шпанија, Немачка, Жабарија и Франција се топ5 лигите, ваљда Русија, Украина, Турција, Португалија и Холандија би биле втората петорка...

И нормално мора да се спомене клубот кој е апсолутен доајен на иритантноста, М.Ј., полуидиотска организација каде што трошат пари како луди и се потпираат на голманот и среќата за да остварат осредни резултати, сето тоа со извесна судиска наклонетост како вчера. Ако на тоа се додаде и паѓање, влечење, провокации и "играчи" како оној циганот со коцкаста фаца Ерера, ја имаме комплетната слика за најгрозната екипа во ПЛ па и општо во лигашкиот систем во Англија. Не верувам дека меѓу 92-та клуба има нешто слично во поглед на иритација од М.Ј.
Сепак на крај кривицата е кај Сити кои што во првото го разбија скроз бункерот на Мурињо и имаа шанси за 7-0 (Стерлинг посебно). Наместо на полувреме да е 7-0 или ете барем 5-0, на крај 2-3, од сите две шанси и една полушанса М.Ј. дадоа голови, два пати ги спасуваше статива и два пати судијата кој не досуди пенали за Сити. На крај испадна драматична утакмица која за жал заврши со типична М.Ј.-победа иницирана од гомцето кое го прибраа од Арсенал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Од градскиве дербија само Мерсисајд потфрли со голови. Челси сакав да изгуби и на крај им висеше голот ама ете не успеа Мојс да победи.
Манчестерци шта речи. Аткинсон може комотно да го стават да суди полуаматерски фудбал и не само него туку цела постава со Дин, Маринер, Оливер и слични. Победни судии не памтам да имало во ПЛ. Колку и да ми е мерак што изгуби Пеп, не ми е ќеф што победи Хозе особено не на тој начин.
Од друга страна па за Бенитез скокнав кога дадоа 0-2 поради грешката на Шмајхел.
Арсенал стандард катастрофа одбрана. Оној овчарот од Гостивар па дури и проба Чех да го обвинува за првиот гол (facepalm). Среќа Бамби, вонсерискиот талент, со помош на универзумските енергии насобрани и канализирани во неговата аура постигна 2 гола. А успеа дури и да промаши чист гол од 1 метар, тоа ретко кому успева. Чарли Остин е штета што не направи некоја позвучна кариера. Цело време се мафта во тимови кои се на дното, претходно Ренџерс, сега и Саутемптон.

A еве го и доказот дека Дани Велбек е вонсериски талент.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
После сношти навивачите на Ливерпул треба да викаат „САЛАХ АКБАР!!!“

Пеп кошмари доживува сега, се превртува и не може да спие. за 3 месеци Клоп му ја зема можноста за да ги повтори инвинсиблс и му зема полуфинале во ЛШ. И уште не ми е јасно како може тренер да дава такви изјави дека Сане не бил во офсајд, 40 години е во фудбалскиот свет и уште заборава дека за офсајд треба двајца играчи независно дали едниот од нив е голманот.
Рома се вратија од 4-1 негатива и успеа против Барселона да влезе во полуфинале. Следно би сакал Ливерпул - Рома полуфинале од причина што едниот од нив секако би бил во финале. Ова им беше доказ дека кога играш со желба и срце ни милијарда фунти не се доволно да те сопрат. Алал да им е и на едни и на други.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider