Денес конечно се решив и најдов време да си го закитам елкичето и да ги расфрлам омилените украси по дома.
Секоја година гледам видеа да средам нешто поразлично и секоја година губам интерес/трпение само при гледање на видеото, а не пак кога би почнала. И така си завршувам со украсувањето што си го знам.
Како и да е, налетав на видеово на девојкава, па да го споделам за оние што можеби не се мрзи и би им било од корист. Доста интересни и евтини работи, би требало и кај нас да ги има. Мене ми е интересно тоа ловење по книжари и маркети, па кога ќе најдам нешто збуткано и со смешна цена, па па....