Колку часа дневно спиете?

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
36
Скопје
камо да можев ја така

у 5-6 сабајле заспивам до 1-2 на пладне
Се се може ако се сака :)
Почни да си легнуваш секоја вечер по 15 минути порано и ќе видиш како ќе се навикнеш :)
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Ууууууууууууу да ме оставиш цел ден ќе го преспијам :sleep
Многу голема спанка сум, но најчесто спијам 8-9 часа преку ноќта, некогаш и помалку во зависност од тоа дали морам да станам рано посабајле...ама како и да е ќе надокнадам по пладне :p
 

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Кога имам обврски и да сакам неможам многу да спијам, потсвесно некако сама си се будам и во текот на ноќта неколку пати ако треба да станам рано, од страв да не се успијам.
Кога одев на факултет 8 часа ми беа доволни за спиење, на работа кога одев се случуваше и со 4 часа спиење да бидам ама едвај издржував, попладне обавезно уште по 2 часа спиев. Ама периодов немам многу обврски, па се случува и по 10-12 часа да спијам. Сепак многу ми се и некако пола ден да го поминам во спиење ми е како изгубен, џабе потрошен.
 

Lorejn

Полноправен Член
15 февруари 2012
68
82
18
Кога имам обврски и да сакам неможам многу да спијам, потсвесно некако сама си се будам и во текот на ноќта неколку пати ако треба да станам рано, од страв да не се успијам..

Истото и мене ми се случува. :) Или па ич ќе неможам да заспијам.

Јас имам проблеми со заспивањето, затоа што касно станувам или пак ако станам порано преспивам и тапа е. Ноќва спиев 6 саати, а денес преспав околу 7 саати. Цел ден во спиење ми лета.