Сакам да кажам/Сакам да прашам

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Да прашам, глувчето шо е на лаптопот (не глувче ами она шо мрдаш го забораив како се вика сеа зборот) ми заглавува многу често. Вчера ми заглави и пробав да го одглавам и со стрелката којзнае кај отидов. Сеа не ми дава да гледам на форумов никакви видеа, само црно се појавува со десната страна у средина мала Y буква. Можно ли е нешто несакајќи да сум стиснал или кај сите е така? Пошто на фејсбук на јутјуб се си е океј, само тука неќе.
Нешто до хром е проблемот, ќе средат сигурно. И кај мене е така, пробав и на друг компјутер исто е на хром. Пробај со мозила во меѓувреме, таму си е во ред.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Нешто до хром е проблемот, ќе средат сигурно. И кај мене е така, пробав и на друг компјутер исто е на хром. Пробај со мозила во меѓувреме, таму си е во ред.
Неќе ни со мозила, ми вика A plugin is needed to display this content :eek
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Е како до преѓеска се беше ок и сеа одеднаш немам? Нема врска.
Хром си користи свој флеш плеер и нема потреба од додатни инсталации. Мозила нема свој и мора да инсталираш додатно флеш плеер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Да прашам, глувчето шо е на лаптопот (не глувче ами она шо мрдаш го забораив како се вика сеа зборот) ми заглавува многу често. Вчера ми заглави и пробав да го одглавам и со стрелката којзнае кај отидов. Сеа не ми дава да гледам на форумов никакви видеа, само црно се појавува со десната страна у средина мала Y буква. Можно ли е нешто несакајќи да сум стиснал или кај сите е така? Пошто на фејсбук на јутјуб се си е океј, само тука неќе.
И мене исто ми излегва Y
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ќе те ословам како „друже“ иако генерацискиот јаз ни` беше повеќе од дупла бројка кога го напушти ова наше заедничко царство. Па сепак беше еден од највлијателните ликови во мојот живот, иако скоро никогаш не го покажав тоа пред тебе. Понекогаш ме јаде јанза за недоволно покажаните чувства, но длабоко во себе верувам дека беше доста чувствителен човек. Како што животните те почитуваа кога ќе пристигнеше со својот автомобил, така и јас имав голем „респект“ кон тебе кога ќе продискутираше за политика, живот и особено за работа. Затоа што беше многу трудољубив и го ценеше оноа што сам човек ќе создаде со свои раце. Често викаше дека ризикот и профитот одат рака под рака - твојот spiritus movens кој подоцна и кај мене допре при првото редовно вработување. Зборуваше за тоа дека полошо нешто од „пат - позиција“ нема. За некои работи меѓу кои директноста во одредени ситуации ме имаш научено, како и тоа да не се срамам од своите постапки макар и да се понекогаш грешни.
И така друже, денес те испративме со скромна церемонија, каква што и ти наликува на твојот дух. Беше скромен но горд на оноа што самиот ти го создаде и го остави на идните поколенија.
Путуј друже и ти благодарам за се`.

Death will never conquer
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
@Outrider, @malozauvek ... јас сум кај вас во ваша околина, за утре сум прилично организирана, али ако најдам саат два луфта, ќе ве барам за по една пијачка покрај енЅероно да се видиме ... спремете едно кајче без платно :D