Ќе те ословам како „друже“ иако генерацискиот јаз ни` беше повеќе од дупла бројка кога го напушти ова наше заедничко царство. Па сепак беше еден од највлијателните ликови во мојот живот, иако скоро никогаш не го покажав тоа пред тебе. Понекогаш ме јаде јанза за недоволно покажаните чувства, но длабоко во себе верувам дека беше доста чувствителен човек. Како што животните те почитуваа кога ќе пристигнеше со својот автомобил, така и јас имав голем „респект“ кон тебе кога ќе продискутираше за политика, живот и особено за работа. Затоа што беше многу трудољубив и го ценеше оноа што сам човек ќе создаде со свои раце. Често викаше дека ризикот и профитот одат рака под рака - твојот spiritus movens кој подоцна и кај мене допре при првото редовно вработување. Зборуваше за тоа дека полошо нешто од „пат - позиција“ нема. За некои работи меѓу кои директноста во одредени ситуации ме имаш научено, како и тоа да не се срамам од своите постапки макар и да се понекогаш грешни.
И така друже, денес те испративме со скромна церемонија, каква што и ти наликува на твојот дух. Беше скромен но горд на оноа што самиот ти го создаде и го остави на идните поколенија.
Путуј друже и ти благодарам за се`.
Death will never conquer