како би постапиле доколку некој одреден период ви вика дека ќе се самоубие? А за него знаете само име и презиме.
Јас пробав на секој можен начин да го разубедам но нема фајде, дали се зебава со мене или е сериозен не знам стварно. Го блокирав денес на фб оти ми е страв веќе било што да му кажам не сакам на душа да го носам ама тренираме заедно, мислев и со тренерот да зборам ама па го немаше него денес, а до следен тренинг страв ми е да не биде касно, се мислам во полиција да одам ама ако овој се заебава само на себе ќе си направам проблеми.
И не знам што да правам и мислам веќе.
Доколку му знам само име и презиме, ич око нема да ми трепне.
Како си сигурна дека сето тоа што го збори не е тешка измишљотина, и сето тоа го прави само за да привлече внимание кон себе?
Неможеш да знаеш што личност е само ако му знаеш име и презиме, и ете од тренинг го гледаш чат пат, има секакви луѓе, не верувај на сечиј збор, се' што е кажано нетреба да значи дека е вистина, а најчесто и не е вистина.
Како што кажа и
@violetmoon тој што стварно наумил да се самоубие, нема да труби по луѓе, веруј ми ... сето ова ми личи на привлекување внимание, и ништо повеќе.
А ако ми е блиска и важна личност во мојот живот, што има такви нагони на самоубиство, тогаш влагам со не 100% туку со многу над 100% пожртвуваност од моја страна, со пред се' психичко разубедување на личноста дека тој чекор е погрешен, и давам буквално се' од себе, сета моја сила и влијание ја вложувам за да ја оправам личноста.