Текстов е превземен, ама исто како јас да сум го пишувал, она кога ќе се пронајдеш
Шмекер, женкар, простак ме нарекуваа со години.. А јас бев само повреден длабоко во мене и никој не можеше тоа да го види. Не сум знаел да сакам, дечко за провод, лош, наркоман, и што уште не слушнав за мене после неа. Таа ме научи што е љубов, ме научи што значи да бидам среќен, ме научи да бидам прав маж со гордо исправена глава да ја кажувам жената што ја сакам, ме научи да сакам безусловно, да живеам за една жена, ме научи што значи да боли па си замина како ништо да не било. Сите мислеа дека ја заборавив, дека после се што поминавме заедно продолжив да бидам среќен. Секоја ноќ проклето ми фалеше, ми фалеа нејзините мани, инатот, тврдоглавоста, ми фалеше да бидам среќен додека ја гледам како се лути, а потоа се смее. Јас сум крив, крив сум за се што и направив да се откаже од мене. Крив сум што секој пат претерував. Сега каде и да излезам, среќен ме гледаат сите, а не знаат кој хаос ми се случува во душава. Ја гледам блеска. Ме заборавила, а јас со месеци се мачам да заборавам дел од нејзе па кога ќе ја видам и ќе се насмее се ми пропаѓа во вода. Машко сум и доста се лажете дека не ве боли за ништо. Сите имате една таква која ви ги наплатила сите што сте ги заебале. Сите имате една поради која пиете, и се гушите во дим. Сите имате една што секоја песна ве потсетува на нејзе. Една што секогаш кога ќе пробате да бидете среќни тоа ви го вади низ нос. Жена како жена, ќе направи се за никогаш да не ја заборавиш. Еве ме сега после неколку месеци, ја гледам на нашето место. Кукла. Не е сменета воопшто, сеуште ја поседува најубавата насмевка со која ме заведе. Поминува покрај мене и тој поглед со зелените очи директно во мојте ме сече на пола. Останувам сам, ноќта долга.. Две кутии испушени цигари, ко божем ќе ме смират. Тие уште толку потешко ми прават.. Ја гледам некаде низ димот како стои и баш ја боли за се. Што толку ти згрешив господе вака да ми правиш..? И кажете пак за мене дека сум женкар, простак, ѓубре. Маж станува таков само кога една жена ќе влезе во неговиот живот. Ќе го скрши и ќе си отиде како никогаш да не била.