Љубовни проблеми

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Препорачуваш самотија, оти и јас се навлеков на тој филм многу силно... или да бегам од тоа? Сега за сега ми се чини совршено... :)
Знаеш обично јас тоа што го правам и свесна сум дека не е во ред поточно дека не води кон правилен пат на никој не го препорачувам.
Но па од друга страна за да видиш дали нешто ти одговара во животот треба и да го доживееш па ете штом си почнал продолжи доколку видиш дека нешто почнува да излегува од контрола смени правец. :)

Е тоа веќе знае да биде проблем понатаму, зависи што подразбираш под притисок...
Па на пример посветување на малку повеќе од нормлано внимание, грижа (се навикнав дека ако јас не си се погрижам за себе никој друг нема да го направи тоа), сожалување и некои други слични работи.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Препорачуваш самотија, оти и јас се навлеков на тој филм многу силно... или да бегам од тоа? Сега за сега ми се чини совршено... :)
Па ако сакаш да полудиш тогаш на прав пат си, ако не сакаш тогаш не си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Headache

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Знаеш обично јас тоа што го правам и свесна сум дека не е во ред поточно дека не води кон правилен пат на никој не го препорачувам.
Но па од друга страна за да видиш дали нешто ти одговара во животот треба и да го доживееш па ете штом си почнал продолжи доколку видиш дека нешто почнува да излегува од контрола смени правец. :)

Па на пример посветување на малку повеќе од нормлано внимание, грижа (се навикнав дека ако јас не си се погрижам за себе никој друг нема да го направи тоа), сожалување и некои други слични работи.

Шо знам некако не е на арно тоа на твоја возраст, да кажеме некоја двојно постара особа ајде и некако, што ќе биде за 5-10 години со такво темпо:unsure
Самочата си има свои предности посебно во смисол на создавање на комфорт зона во која некој би се осеќал безбедно и стандардно, тука има и инерција и борба за чување на зоната по секоја цена пошто секој контакт со раја кој е посериозен од `шо праиш како си` носи ризик за зоната, ама пак би било тешко на долги патеки...

Баш правев муабет скоро на слична тема, интересно е како во денешно време се` повеќе е во пораст живеење сам по сам при што виртуелата има клучна улога ама тоа е долг муабет не верувам дека те интересира...

Макар да ок, ако ти убаво така зошто да не, во крајна линија не му правиш штета никому :)
Јас на пример колку и да сум мизантропски ориентиран последно време сепак не би можел, а крајно сум мизантропски ориентиран, левел Пол Пот...
 
Под самотија не мислев тотално изолирана од планетата тоа е уште полошо, туку дека подобро би функционорала сама во животот отколку со некоја личност до мене. Нормално сакам да си оформам семејство, сакам да имам пријатели, да се дружам, ама да се обврзувам со некоја личност не можам, ме плаши самата помисла, е сега не знам како би оформила семејство без посилната половина ама среќа има инвитро оплодување, посвојување па ми дава некоја надеж тоа. :)
А виртуелата има голема улога во самотијата фактички она ти го заменува тоа што го исфрлаш од животот и можам да кажам дека воопшто не е паметно и покрај тоа што одам по тој пат.
Знам дека за неколку години овој начин на размислување ќе ми биде делумно променет се надевам не на полошо но мислам дека тој страв и понатаму ќе го имам просто е стигнат до коска.
Инаку ако може збор два да кажеш за твојата мизантропска ориентација немам многу слушнато за неа па убаво е нели да се прошири знаењете :)
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Зона на комфор е, како што спомна погоре Аутрајдер. Ништо друго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Вие што викате дека сте во зона на комфор, т.е. самотија сте себични. Ита ти бе девојко се читаш што пишуваш ? Опушти се малку, дај му шанса на некој што ти се додворува, без да мислиш негативно. Ризична игра е љубовта, но разбирањето и довербата ако се стекнат со тек на време ќе сфатиш дека нема поубаво нешто од тоа да бидеш сакана и да сакаш.
Ништо не постигнуваш ако го одтргнуваш секој што се обидува да ти пријде, само ќе се разочараш уште повеќе кога ќе видиш дека сите другарки, познанички или брачеди ти се среќни и си имаат дечковци или па ќе се мажат.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Под самотија не мислев тотално изолирана од планетата тоа е уште полошо, туку дека подобро би функционорала сама во животот отколку со некоја личност до мене. Нормално сакам да си оформам семејство, сакам да имам пријатели, да се дружам, ама да се обврзувам со некоја личност не можам, ме плаши самата помисла, е сега не знам како би оформила семејство без посилната половина ама среќа има инвитро оплодување, посвојување па ми дава некоја надеж тоа. :)
А виртуелата има голема улога во самотијата фактички она ти го заменува тоа што го исфрлаш од животот и можам да кажам дека воопшто не е паметно и покрај тоа што одам по тој пат.
Знам дека за неколку години овој начин на размислување ќе ми биде делумно променет се надевам не на полошо но мислам дека тој страв и понатаму ќе го имам просто е стигнат до коска.
Инаку ако може збор два да кажеш за твојата мизантропска ориентација немам многу слушнато за неа па убаво е нели да се прошири знаењете :)

Посвојување можеш да заборавиш, на самци не даваат освен ако не се милионери :zelen а за инвитро секако дека има опција но ако го правиш тоа поарно претходно емигрирај на запад, вака со овдешен стандард и без втора плата ќе се осудиш на тежок живот и не баш особено добар живот за евентуалното дете...

Порано постоеле племиња, после широка фамилија, па после потесна фамилија па со напредокот на капитализмот се стандардизирало т.н. `нуклеарно семејство` а.к.а маж, жена и две деца а денес имаме или парови кои живеат без деца или пак се` повеќе - луѓе кои живеат сами и не размислуваат на нешто поинаку, мислам дека во Јапонија таа ситуација била драматична со 10+ милиони раја кои живееле сами без план да живеат во заедница, тоа е последица на новото време каде што се градат пажливо зацртани зони на комфор кои со виртуелата прават еден затворен круг.

Сега тоа стигнува и во земји од третиот свет како Хунзистан во еден инцестоиден спој на западни потреби и етиопски стандард.
Како и да е, иднината сама ќе ти покаже, иако лично би навивал да не ја глорифицираш самотијата и да не градиш сопствен свет во неа, сепак најголемите радости се поврзани со друга раја, ова од искуство.

Кај мене е само последица на околностите и исчезнувањето на раја во моменти кога најмногу на човек му треба подршка, човек се осеќа како идиот што комуницирал со години и години со извесни ликови на кои нагло им станало `тешко` да кликнат на скајп или да вратат позив или смс плус општата безнадежност во околинава и сето тоа го разбуди заспаниот дух на Пол Пот со тенденција на омраза на луѓето во целина и посакување на комбинирана инвазија на Црвени Кмери, Хуту и Монголи со зачин на епидемија на Чума позната како Црна Смрт.
Ама сепак тоа останува на некое емотивно ниво, посакување да се случи зулум на клетата раја, сепак се знам себеси дека не би направил зло на никој освен во самоодбрана...:(:eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and MoonFairy

За посвојување има во некои држави каде што дозволуваат не сум сигурно но мислам дека во Бугарија дозволуваат, така да кога ќе дојде време ќе си се распрашам па и ако не нема да ми биде лошо да емигрирам на запад или нешто поблиску :)

Како што иде ново и ново време така се помалку и помалку ќе не има, мене искрено ми е страв да помислам што би било со луѓето за 40 години, ако ги има. Виртуелата многу лош замав зема не кај сите но кај повеќето, место ние да управуваме со неа се доведовме во ситуација она да управува со нас. Не научи да се изолираме што е една од клучните работи за тие комфор зони.

Се зависи од тоа што животот ќе ми сервира, знаеш кога еднаш ќе се изгориш после дуваш и на ладното. Затоа погоре ги спомнав посвојувањето и инвитро оплодувањето, ни јас не би сакала сама да бидам во животот но мислам дека не би можела да успеам да формирам едно нормлано типично семејство (маж, жена деца) затоа на некој начин ги ставам на приоритет тие две работи, знам дека е тешко и скоро невозможно ама не би сакала да се откажам од таа желба, тоа доаѓа некако како алтернативна замена за семејство (мајка и деца) и што се однесува до мене мислам дека е сосема доволно :)

Јас по се изгледа дека сум од тие што им станува "тешко". :) Не е убаво ни едното не е убаво ни другото. Треба да се научиме да бидеме искрени, а тоа ни малку не е лесно но барем би се спасиле од вакви ситуации, да треба да мразиме некого или да се однесуваме како странци со луѓето со кои буквално се сме си споделувале.
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Ова од искуство нели? Видовме како заврши тоа, уствари прочитавме. :rofl

Не знам што е смешно тука, во твоето болно мозоче само некој што е осуден да биде сам вакво нешто може да каже. Не се секирај ти за мене, гледај си за тебе имам јас секогаш кој да ме сака ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden