Фактот дека ПЛ е најјака лига во опсервираниот универзум е аксиома, тоа не треба да се докажува
Ете Велс е во 1/4 а ако пројде во 1/2 дали тоа ќе значи дека е сепак јака? Или дека Чемпионшип (костурот на тимовите на двете ирски) е феноменален?! Од 5 екипи чиј состав се базира на англиска лига, 4 се квалификуваа и сите 4 отидоа во втор круг.
Шпанија изигра очајно, имаше среќа што во првите две кола играа со покојните Чешка и Турција инаку ќе си заминеа одма дома, што тоа би значело, дека примера е ужас?
Тоа што репрезентацијата на Англија нема успеси не е на никаков начин поврзано со квалитетот на лигата, или пак со успесите на ПЛ екипи во ЛШ. Ти текнува тогаш кога 4 ПЛ екипи беа во 1/2ф. а финале играа М.Ј. и Челзи, мислам тогаш со Роналдо беа М.Ј. а кај Челзи кои го тепаа Ливерпул во 1/2 ф. промаши пенал Лампард ли беше, не знам точно. Е сега во таква ситуација кога ПЛ тимовите беа на врв на европа, знаеш што направи Англија за ЕП2008? Не се квалификува!
Исто и во периодот кога освоиле 7 ЛШ титули во 9 сезони (Ливерпул 4, Нотингем 2, Вила 1) не се квалификувале за две СП и две ЕП, еднаш испаднале во групи на ЕП и едно 1/4ф. на СП, ако било до квалитет на играчи или до супех на екипи во европа по таа логика би требало да растурат на СП или ЕП, ама логика нема, останува мистерија.
Тогаш кога биле светски шампиони костурот на тимот бил од Вест Хем
Мене не ми значи многу да кажеме Италија да освои ЕП и да тепа во финале 9-0 јас пак не би гледал Сериа А пошто е казна за очи или немачка ако тепа да почнам да гледам Бундес, или ако победи Франција да почнам да гледам Лил-Бастија
повеќе ме интересира Л2 од нив