
Исланд бе не ми се верува, со тренер заболекар ли беше не знам ги победија, ама добро Хоџсон е најглуп тренер на првенствово. Колку ќе биде јако и Франција да ја победат. Нема шанси знам ама...
Стварно еј, Кејн корнери изведуваше. Требаше Варди повеќе да го игра, го спасија со Стариџ додека играа во групи, требаше да изгубат уште тогаш за да не се брукаат. Руни не знам, немам зборови за дебелиот.
Исланд бе не ми се верува, со тренер заболекар ли беше не знам ги победија, ама добро Хоџсон е најглуп тренер на првенствово. Колку ќе биде јако и Франција да ја победат. Нема шанси знам ама...
Белгија го има Фелаини, секој момент го искористува да го крене тоа лактот, или да удри некого додека не гледа судијата. Така и во Јунајтед прави така и тука. Среќа отворен им е патот до финале, не гледам како би изгубиле од Велс, Полска/Португалија. Да беа во другава група, полуфинале најмногу би им дал.Франција ако го потцени Исланд или ако мислат дека е подобра опција од Англија може да бидат `изненадени`, така им се случи со Грција на ЕП2004 кога со Анри, Виера, Зидан и компанија изгубија со еден гол какви шо дава ИсландСекоја чест за Исланд во смислна на малку жители и успех како андердог и сето тоа ама фудбалот кој го играат предизвикува очни болести и краткотрајно слепило...
Тука сепак мора да се спомене маестралната Белгија која што доби лекција на старт со Италија и оттогаш нема примено гол а даде осум. Пред се од психолошка гледна точка, да не летаат во облаци со фризури и ароганција и да очекуваат дека противникот сам ќе се победи, туку дека треба да се `клават голој`
Она што е добро кај нив е што не му се бранат на никого, нема компромис, одат на гол повеќе и офанзиваа не тактитизање, овој поставил ваква формација, оној го заебал некого, па троши време со аути и дегажмани, па касапи, копачи и месари, Белгија не се замара со такви срања, фул офенс па нека биде што ќе биде
Се надевам на епско финале со комшијата и домаќин, тоа го предвидов во 2014 уште пред да почнат квалификациите, сега засега и двете се во игра![]()
Португалија бе.
Демек Полска ако победеше заслужено ќе се најдеше во полуфинале.
Слабо Белгија, многу слабо. Никаква игра немаа, неколку шанси и тоа е тоа, Велшаниве играа ептен мотивирано. Не ми се верува што дочекав, Велс да игра полуфинале на ЕП.
Кој е овој жабаров Пеле? Што глуми мангуп бе. Земал му покажува на Ноер каде ќе му шутира и на крај ајт таму во аут ја шутна. Ова пенали беа или нешто друго? Мрдната работа.
Иако ме нервира играта на Италија навивав за нив затоа што не можам да ги гледам Германциве. Последните 10 минути беа очобол, Италијанците се мајстори за задржување време, ама во продолженијата требаше да нападнат, Германците беа пред умирање.
И што, уплатив да освојат Италија и изгубија, исто и Англија, уште Франција ми остана. Сега фали уште Велс или Португалија да освојат или утре Исланд да победи и готово...