Чет муабети (ти реков-ми рече)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Струја си бе Electрa, нема што :)
Ајде вие правете си муабет, ние новајлиите ќе гледаме и ќе се адаптираме. Додека светот плаче по разновидност вие сте затворено друштво.
Погледни таму од десната страна каква е структурата на активноста на форумов.

Еве ќе бидам најискрен, тука сум само заради пар личности кои ги идентификував како „квалификувани“ за форумски живот. А присутен сум ушет од пред 2-3 години, пошто во тоа време кога излезе Tapatalk не знам како форумов ми се појави таму во следени форуми. Стварно не знам како, битно ненамерно. Па приметив некои интересни насловчиња и почнав да читам паметни работи. И неколку години така само си читав. Ми текна да креирам акаунт онака од куртоазија и сфатив дека времињата на диверзитет од мислења се веќе далечно минато. Како минував време почна да ми станува јасно.
Али забавни ми се вакви муабети и ситуации. Сум ги имал многу бајаги одамна. Одлежани ми се искуствата, сум рамислувал многу саати на темата. Сега гледам нови дечки тука од Фебруарски поход, има потенцијал да станува интересно.
Ама рековме дошол нов во друштво, значи не збориме дека е затворено, не извртувај зборови.
Јас сакам луѓе кога ќе покажат дека „Јас сум паметен“ не е само на збор. Да ги прочитам во психологија, социологија, филозофија... да видам дека тие се начитани, па после комотно нека нарекуваат кого сакаат неписмен. Лична (не)култура и (не)знаење се различни поими.
Ама малце кога човек ќе дојде и по два муабета за шминка и самовеличење, почнува кој друг не чинел, остава неубав впечаток и спротивна слика од наводната самодовверба. Толку е, па вие секој правете си и пишувајте си што сакате. Ноу хард филингс. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Да де начитани се со рецензии за книги копирани од други форуми, а филозофчиња има колку сакаш ]:), a гледаш не се сеќавам дека сум пишувала во некоја тема за шминка. Во секој тема по нешто, а што мислел некој тука за мене па и не ми воопшто важно и онака секој се прикажува како што сака ;)
 
Последна промена:

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Не знам како тоа да живееш под кирија ти е убаво и да живееш со цимери. Ај за машко добро, ама некои валкани навики на луѓето ми сметаат, па не би можела со цимерка. На забави сигурно си одел и во средно и тоа подобри од колку сега. Не знам што носи животот, ама нека донеси побрзо, немам воопшто трпение, само сакам да заврши овај депресивен момент во мојот живот.
На кој факс си??
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
43
Ама рековме дошол нов во друштво, значи не збориме дека е затворено, не извртувај зборови.
Јас сакам луѓе кога ќе покажат дека „Јас сум паметен“ не е само на збор. Да ги прочитам во психологија, социологија, филозофија... да видам дека тие се начитани, па после комотно нека нарекуваат кого сакаат неписмен. Лична (не)култура и (не)знаење се различни поими.
Ама малце кога човек ќе дојде и по два муабета за шминка и самовеличење, почнува кој друг не чинел, остава неубав впечаток и спротивна слика од наводната самодовверба. Толку е, па вие секој правете си и пишувајте си што сакате. Ноу хард филингс. :)

Веќе се губам во муабетот, не знам за кого зборуваш, ваљда општо, пошто никого не пронаоѓам во кажаново.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Не сакам чекање. Ме исцрпува.
Чекај автобуси, чекај термини, чекај работни мејлови, чекај народ да се накани да излезе, чекај народ да се реши што сака...
И потиснувај се себе и своите желби/потреби оти сета среќа зависи од чекање на другите.
Не знам зашто се потребни ритуали и триста размислувања за најобични работи. Или сакаш/можеш нешто или не, ама не троши ни свое, ни туѓо време.
И секогаш ко да бараме друг да ни покаже дека/колку вредиме.
Газени сме, газиме преку себе, ама трпи... трпи за два убави збора. Мазохизам е јака ствар. Несфатенине гледам и ја идеализираат ко романтична.
Пошто е баш курткобејнски (ова треба ко придавка да се воведе) да те направат да се осеќаш ко последно дупче на шупелка, и пошто барање потврда за сопствената вредност од свет полн со суштества ориентирани само кон себе е баш кул идеја.
:nah
Прафиот маш го чекаш??
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Веќе се губам во муабетот, не знам за кого зборуваш, ваљда општо, пошто никого не пронаоѓам во кажаново.
Каприкорн беше спомнала сме се правеле мадафакери, а не сме знаеле кој ја напишал „Војна и Мир“, па кон неа ми беше упатено првичното мислење, ама ти некако ме исцитира, па си направивме муабет. :D

Прафиот маш го чекаш??
Праф маш е мит!
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Каприкорн беше спомнала сме се правеле мадафакери, а не сме знаеле кој ја напишал „Војна и Мир“, па кон неа ми беше упатено првичното мислење, ама ти некако ме исцитира, па си направивме муабет. :D

Јас тебе нигде не те спомнав, ни со име ниту па те означив. Ако се вреѓаш толку виртуелно тоа си е друга работа