Ама рековме дошол нов во друштво, значи не збориме дека е затворено, не извртувај зборови.Струја си бе Electрa, нема што
Ајде вие правете си муабет, ние новајлиите ќе гледаме и ќе се адаптираме. Додека светот плаче по разновидност вие сте затворено друштво.
Погледни таму од десната страна каква е структурата на активноста на форумов.
Еве ќе бидам најискрен, тука сум само заради пар личности кои ги идентификував како „квалификувани“ за форумски живот. А присутен сум ушет од пред 2-3 години, пошто во тоа време кога излезе Tapatalk не знам како форумов ми се појави таму во следени форуми. Стварно не знам како, битно ненамерно. Па приметив некои интересни насловчиња и почнав да читам паметни работи. И неколку години така само си читав. Ми текна да креирам акаунт онака од куртоазија и сфатив дека времињата на диверзитет од мислења се веќе далечно минато. Како минував време почна да ми станува јасно.
Али забавни ми се вакви муабети и ситуации. Сум ги имал многу бајаги одамна. Одлежани ми се искуствата, сум рамислувал многу саати на темата. Сега гледам нови дечки тука од Фебруарски поход, има потенцијал да станува интересно.
Јас сакам луѓе кога ќе покажат дека „Јас сум паметен“ не е само на збор. Да ги прочитам во психологија, социологија, филозофија... да видам дека тие се начитани, па после комотно нека нарекуваат кого сакаат неписмен. Лична (не)култура и (не)знаење се различни поими.
Ама малце кога човек ќе дојде и по два муабета за шминка и самовеличење, почнува кој друг не чинел, остава неубав впечаток и спротивна слика од наводната самодовверба. Толку е, па вие секој правете си и пишувајте си што сакате. Ноу хард филингс.