Вака вчера што сте дошле, кога ќе почнете да изигравате врвни психоаналитичари и делачи на правда, не му останува друг механизам на човека.
Клин со клин се избива.
Кога дошло играчница муабети/членови да се најактивни и да кажуваат дека не чинат оние што буквално ги поставија темелите на форумов и чии стари постови да не беа, ќе се крстевме дали има знаци на некаква интелигенција овде... пиши пропало.
Аааа, значи сева вече не ни се дига па на стара слава ќе се вадиме?
Вие да не сте се договарале агресорот жртва да глуми сега?
Добро бе ајде „ние што сме дошле“ ќе се повлечеме, ќе попуштиме. Ајде новајлии сме. Ко демек... нек биде мир во куќа.
Како бе не ви е срам? Администратори ве тртнал некој а не сте ја научиле основната премиса на форумскиот живот: немој да коментираш личности, коментирај коментари. Вие администратори сте, наместо да ја решите ситуацијата вие сите сега еден по еден ќе се умешате, секој со своја форма на провокација. Наместо да се навратите и да го проанализирате проблемот вие сакате поени со бесмислени фрази и синтакси да добивате, чунки многу образовани сте биле. Па не е ни чудо што сите во ист ден, тој кобен Фебруар 2012-та сте го инфестирале форумов и од тогаш наваму НИШТО не се случува. Што било интелигентно, со добро расположение све усвет фатило. Останати сте само вие како баби пред пензија на шалтер во општина што мафтате со стара слава.
15 години сум форумџија, немој ве молам да пробувате лекции да ми држите. Се гледа кој е кој и какви му се карактеристките, кој е сериозен а кој не знае каде му е главата...