Не е финтата дали ние ќе те трпиме или не, секако секој индивидуално има опција за бирање дали би те читал или не.
Но суштината е друга, подлабока и е мање више толку распространета кај младината што веќе и не постои млад човек што не се соочил барем еднаш со овој проблем што погоре ти го спомнав.
Суштината е колку ти самата ќе се трпиш откако ќе си кажеш се` што треба и што не треба општо на социјалниве мрежи (не само тука). Самата викаш ако не го спомнеш оноа што те пече, ако го криеш, те прави агресивна, па мора некаде да се истуриш. Што суштински до некаде и држи вода... Но мора да се стави одредена граница. Бидејќи самата со тек на време ќе сфатиш дека луѓето што се тука (не само на форумов туку и општо) имаат свој личен живот и реално освен одредено тапкање по рамо нема богзнае колку да ти помогнат. Со тек на време ти се` по начесто ќе се „разголуваш“, ќе навлезеш во машинеријата на виртуелен дневник со утеха - тапшање на рамо наместо да почнеш суштински да менуваш одредени работи на себе. 21 година и не е толку доцна да пробаш нешто да промениш особено ако немаш богзнае што искусено/испробано во животот. Знам дека малите работи и не се толку мали (особено кога самата си ги согледуваш) но поентата е да не станеш зависна од оноа тапшање на рамо, дури и кога животот ти подал подрасипани портокали. Со други зборови, кога ќе влезеш во онаа машинерија на секојдневно „соголување“ пред публика, суштински влегуваш и во еден вид на комфор зона каде ти се имаш целосно прифатено таква каква што си, наместо да пробаш да се осознаеш во полиња во кои можеби имаш далеку поголем потенцијал.
Со други зборови - тапшањето по рамо ти нуди инстант утеха, but nothing ever grows in there. Или па посуштински - „фино дете си... не се секирај, се ќе си дојде на ред“. Како ќе си дојде се` на ред кога буквално живееш од ден за ден за едното те исто чувство за комфор? Дејство на моќ? Што и каква моќ? Дали е тоа нешто суптилно што се провлекува или лично самата си свесна за тоа дејствие на моќ но поради недоволно спознавање на себеси не си доволно кадра да и` се спротиставиш? Кој и што има право на контрола на твојот личен живот? И ако си доволно свесна за таа контрола, си се обидела ли некако да се ослободиш (земено ако таа делува на тебе регресиво во твојот „развиток“).
Сите водиме свои борби со животот и секако секоја е различна кај секоја индивидуа. Но не е ли во природата на човекот ако се осеќа опресирано да изнајде начин да си ги олабави стегите?
Ее ете тука те чекав
Мноогу работи дури и мене ми изгледаат за жал нереални..
Да и ден денес на 21 год некој се изживува со мене и ме води како што му одговара баш ради тоа "само да нема проблеми аман". И со медеци не сум се појавувала дома, ете сум работела. И в лице сум кажала што мислам и што сакам на секој. Немам проблем.
И јас го знам кој е лекот за мене и спасот мој од себе и од тоа "зло" што нанесува болка. И знам и дека на секоја навреда, закана, клетва јас сеуште и се плашам иако скокам таа го гледа стравот во мене зошто е веќе заживен во коскиве и тоа не можам да го сменам.
Освен пак да побегнам од дома за мене нов почеток нема ама не можам да поднесам да живеам без татко ми и браќата. Да ги гледам нив јас сама, да ги земам со мене.. Кај ќе гиносам кај ќе ги влечкам ко немам доволно средства за да дотраам.
Сум размислувала јас накој начин да се тргнам од тука ама сега и не сум моќна.. Ме кочат многу работи..
Не ти е некако верно јас те разбирам.. Оваа машинерија в раце што ја држам као да "има моќ".. Ништо има..
Сега за жал секој е зависен од таа машинерија, дали вака како мене, или само тапка на фб, или учи нешто корисно..
Сето тоа е овде, послужено на екран, а ние влегуваме во тој екран и се соживуваме со сето тоа што не прави исполнети. И ја не одрекувам дека од ко знам за форуми и интернет се заглобив.
Ама ќе го одречам тоа што во двата поста пишуваш "треба да се осознаеш себе си"
Се знам доволно и затоа немам моќ. Немам зад грб никој кој би ме поддржал во големи одлуки и почеток на нов живот. . Сеуште сум сама.. Само да нема проблеми..
Ја и ти ако сакаш до утре вака ама верувај нема да можеш да ме разбереш
Ама ете пак ќе исфрлам нешто позитивно, таман ми тргна факсот.. Ее ко ќе завршам после и сама да сум сеуште, поунаку ке е.
Едит:
И да ти кажам искрено овде кога пишувам во дневник не очекувам никој ни да ме теши ни да ме тапка по рамо. Си знам, излегло тоа од мене исто како со ѕидот да зборував не очекувам одговор..
Ам да му се изнакажеш на некој а знаеш дека никако не може да ти помогне а те тспка по рамо.. Е тоа живци ми кине. Иако тој соговорникот мој не е ништо крив што не може да ми помогне и да даде совет..
Кога ќе ти каже "не знам што да ти речам" . Е тогаш секундарно се трансформирам во најсреќната жена. Зошто нели имам впечаток дека си вели " офф конечно престана"
Што знам дека барем кај една личност тоа не е така.
И верувај мене поарно ми е да пишам и да се надевам дека никој нема да ми одговори отколку да ми ќути некој на телефон или да ли наведнува глава в лице.. Стварно е полесно.