Да го знаев лекот ке го применев на себе

Јас само привремено си наоѓам решенија, потоа пак паѓам, па пак станувам...
Љубовта кон животот можеби, љубовта кон најблиските, кон себе... Оптимизмот мене најмногу ме спасува и способноста да изнајдам милион можни решенија, да направам многу темелни планови за иднината. Фантазирањето исто така и надежта која никогаш не ме напушта.
Едно време многу ми погаше тоа што се одкажував од задоволствата, тоа може да се сфати и како еден вид пост, ајде така да го наречеме. Целта е да се чувствуваш добро во секаква околност, дури и тогаш кога нема ништо што може да ти представува задоволство. На почетокот е мачно, но понатака се буди некој дел во тебе и сфаќаш дека среќата и задоволството се нешто што доаѓа однатре, дека не се наоѓа надвор од нас, се зависи од тоа колку се слушаш себе си и колку си дозволуваш да бидеш среќна.