@Saladin @malozauvek @Mnogo Bitno @lady_blue
Со бившата прекинавме поради недоразбирања и непостоење на заеднички јазик, постојани расправии и не можевме да најдеме компромис. Врската ни траеше нешто помалку од месец но не постоеше вистинска љубов, ја гледав повеќе како женска за мување и како некоја што физички привлекува. Не е дека сум ја оставил поради мојата другарка.
Мојата другарка почнав да ја здогледувам како нешто повеќе во последниве неколку месеци значи пред да се запознаам со бившата но последниве неколку дена она ме излуди. Има карактер и однесување нешто што другите го немаат. На другите сум гледал како на женска за мување која физички е добра а на оваа гледам со љубов и кај оваа не ми е битно само тоа да ја смувам или секс туку сакам да е покрај мене зш чувствувам љубов.
Другарот од клас исто така и има фрлено око се прави за неа и се приближува и сите гледаат и и кажуваат дека и се пушта дури и јас, но она вика дека на него гледа само како другар не нешто повеќе но сепак како да флертува со него. Добро девојче е, не е некоја што премногу лета во облаци.
Нз што да правам мислам ќе експлодирам од измешани мисли.