Нит си мазохистм нит си сфатила нешто у животот у врска со љубовта. Целиот твој проблем лежи во тоа што ти имаш вградено како би требало да изгледа идеална врска, и баш поради тие себични пориви го оттргнуваш секој кој би стапил во врска со тебе. Како што поминува времето, ти ќе се трансформираш во енергетски вампир, и не само што секој дечко ќе те отфрли, ќе завршиш сосем сама, ќе гунѓаш зошто никој не те сака, секогаш ќе си правиш автопроекција на себе, наместо да научиш од грешките што цело време ги повторуваш. Тебе ти годи песимизмот во глобала, но тоа нема никаква врска со мазохизмот. Мазохистите ќутат и уживаат во својата мизерија. Тие никогаш не се себе-проектираат во никоја врска, тие имаат пожртвуваност level - 9000. Алтруистите дури би им позавиделе. Твојот проблем е што со вакво „самосожалување“ и зона на комфор ти ни милиметар нема да се поместиш од онаму каде би сакала да бидеш. А мислиш ли дека им е идеално на еден пар гушнати во парк на клупа? Мислиш дека е идеално во врска кога едниот му стои на глава на другиот, па макар и да нема некои лоши намери, секогаш го става како предмет на распит? Често поставените прашања кон партнерот го тераат да си помисли дека ти се сомневаш во неговата посветеност. Тоа е многу многу грда особина. Знам дека треба да се интересираш, да вложуваш, но понекогаш мораш да оставаш луфта за да тој дише послободно. А се кладам ако му оставаш луфта, секогаш бараш нешто за возврат. Во врските тоа е прв стадиум за раскин од кој нема бегање. Значи ти не си пожртвувана туку баш напротив - себична, а тоа како партнерот реагира е веќе прашање за дискусија. Можеби те прочитал од 2ро гледање и уште тогаш си ја поставил таа цел и те врти на малото прсте за да на крај те фрли на буниште. Можеби му прекипело од твоите испади. Тоа само ти самата треба да си знаеш.Пред неколку дена сфатив дека некои се заедно а не се сакаат, а некои се сакаат а не се заедно, сфатив и уште едно нешто се што е убаво кратко трае и сфатив не сум способна и доволно силна да одржувам врска. И врска на далечина дека не функционира. Толку многу се поврзувам за луѓето што стануваат нераскинлив дел од мене. Не сум способна да мразам. Јас досега имав две врски и тоа на далечина, далечината не раздели сами се разделивме, знаев дека се вака ќе заврши ама ми е тешко. Премногу тешко. Не сум способна да функционирам, меланхолија ме убива, не знам дали вака требаше да биде или јас дозволив или дозволивме, Не сум за да собирам искуства и да ги бројам, искуство е она што го научив а не она што го поминав. Првото искуство на facebook, второто овде на црно бело , една од целите ми беше да го покријам минатото и да свртам нова страница, но безуспешно, двајцата не бевме способни да бидеме среќни. Јас сум мазохист, чудно ми е кога ќе ми се случи нешто убаво, не сум навикната да бидам среќна
И доволно се сожалуваш. Какви се` случаи има со разни болести, пробелми во семејство, крпење крај со крај, задолжувања, безработица, се` или повеќето од горенаведеново, ти се фаќаш за нешто толку банално и толку себично постапуваш. Ќе мораш да се менуваш од корен, инаку цел живот ќе живуркаш меѓу еден дечко и друг.