@Давор @malozauvek @Saladin
Ја сакав како другарка и со такви очи ја гледав но после 3 години дружење ја засакав. И ја сакам многу поинаку од сите други кои сум ги сакал што уствари не било некое сакање. Знаеш женско убава е згодна ама оваа е баш од оние за кои викам дека сакам да биде покрај мене.
На моменти делува како да си фрламе поглед на моменти како да сме другари. Јас до пред некој ден имав девојка со која раскинавме од проста причина што не постоеше разбирање и вистинска љубов. Завршуваме средно, оваа што ја сакам не се знае може во иднина и да не ја видам па ако тоа не и го кажам цел живот може ќе ми биде криво но па ако и кажам може да не сака да ме погледне, но најбитно ми е она да остане покрај мене да ја гледам и во иднина. Проблем е што и мој другар со кој стојам онака ја свиѓа и се пушта но она му вика дека се само пријатели, но не го отфрла туку е баш блиска со него.
Размислувам дали да комуницирам со бившата девојка со која уште не е сигурно дали сме раскинати и да се смириме, но не ја сакам драга ми е онака, или да се трудам да бидам со оваа што ја сакам. Прв пат волку да е комплицирано и да ми е тешко.
Бре бре бре од еден искочија 3 проблеми
Многу битен момент е тоа како си ја исперцепирал предтоа, а како сега, остај
@malozauvek што вика дека нема врска. А особено битна информација е што си имал скорораскината врска (која лебди во воздух) и тоа дека имаш другар кој и` фрла око на твојава другарка во која мислиш дека си заљубен.
Па одиме редом хронолошки...
Со врскава што ти лебди во воздух, неам што многу многу да ти кажам. Но ако самиот се осеќаш потиштено во неа, секако имаш право да и` ставиш крај ако не наоѓате заеднички јазик во истата. И боље е да раскинеш стандард со бришење контакт и сите матракуки (ако не се може) него ли да ја тегнеш работата до недоглед. Изморуе психички, а као млад никој не е дужен да трпи некој ако другиот прави се` за да расипуе нечив живот губи туѓо време. Околу ова завршивме.
Околку другарка ти.... Глупа ситуација иако тоа што ќе ти го пишам сеа можно е да држи вода, но ќе повторам - не ја знам целосно ситуацијата со тебе, другарка ти и бившата.... Глупа и класична ситуација во која по раскин со бившата ти бараш еден вид на утеха со оваа. Обично овој ефект се дешава кога бившата тебе ти раскинала па сеа ти наоѓаш некоја друга личност со која си бил многу многу близок, но не се изостава и обратната ситуација, кога едноставно твоите чувства едноставно изумреле кај едната а се изродиле кај другата личност. Е сеа дотука е све во ред. Проблемот е што овакви љубови многу многу ретко имаат шанса да успеат. Затоа што ти од старт порано си ја изанулирал неа и си ја стаил у френдзоун. Сеа можеби не го перцепираш тоа баш така бидејќи ја имаш шутнато бившата на страна, но откако ќе запознаеш нова која ќе ти го штукне паметот (а ќе запознаеш, веруј) - другарка ти ќе ја шутнеш пошто пото. Шансите се големи сеа да успеете у старт.... оттука и проблемот. Затоа што откако ќе пукне, ти не само што ќе изгубиш другарка, ќе изгубиш и доверба во себе пред се` , бидејќи губиш интимна врска lvl : I had sex with my best friend. А машкиот мозок работи сукцесивно и ако губи нешто толку блиско, се` оноа понатаму што би следело би било толку површно, сите понатамошни врски што би ги градел никогаш нема да го имаат оној шмек и онаа блискост со која ја имаш со оваа другарка. Оттука и таа лесна кршливост која оди рака под рака со контрадикторноста. Од една страна, ти никад не си ја гледал порано као секс објект (пошо си имал нешо друго), од друга страна уживаш одредена емотивна интимност со истата особа која ја класифицираш во моментов како љубов еквивалентна на онаа кога би бил во врска... а реално кога би запознал некој нов секс објект повторно би ја отфрлил на страна, затоа што... пак ќе кажам - ти не ја перцепираш како девојка за врска, но потсвесно мислиш дека ја, но грешиш.
Околу другарот, it`s not your concern, иако можеш да дознаеш какви и` се чувствата на неа пошо нели она е блиска со тебе и дели многу работи. Но ако него го сака како нешто друго, тогаш немаш ни шанса нешто да успее меѓу вас, така да откако би и` ги открил твоите конфузни чувства тогаш рачунај само да се гледате со неа на едно „здраво“ и толку. Ќе те помножи со нула во истиот момент (бидејќи нели предтоа ти се има отворено за другарот) а процесот на игнорирање ќе биде многу болен.
Мојот совет околу ова, остај ја другарка ти да ти биде другарка, со тек на време можно е да се намали дружбата, понекад ќе подболнува за старите добри времиња, но е далеку од оноа што ти мислиш дека би можело да успее.
Среќно...