Чет муабети (ти реков-ми рече)

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
@alf знам дека позади секој твој збор стои убава мисла и ако сакаш, бидејќи навистина ме занима, објасни што значат зборовите од твојот моментален статус-Да имаш, или да бидеш(wave) :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
И мене тоа ме замисли.. :)
Мислам поарно е да бидеш. Оти прво за да бидеш нешто треба да се бориш, а кога ќе се изгориш и ќе имаш..
Пред сѐ ќе бидеш човек оти ќе цениш секаков труд.
А ако имаш, јас тоа го сфаќам како "тато носи, мама меси" и ако пливаш во пари ќе пропаѓаш без искрена љубов..
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Супер е да пливаш во пари...за се те заболе а и на сите ке им изгледаш многу кул особено на дамите.:rofl
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
@malo го изгледав интервјуто со Маја Волк, навистина е права волчица, жената ме воодушеви....има само една работа што сакам да те прашам, затоа што не се согласувам со нејзината теза дека за остеопорозата е важно да се применува физичка активност и така се лечеле старите луѓе, со тегчиња итн. а никаква исхрана не спомна во борбата за оваа болест.
Коските мора најпрво во детство да се наполнат а знаеме како се трошат и зошто стануваат шупливи и порозни, да не ги набројувам сега сите фактори....Многу физички активни жени, спортистки, кога ќе влезат во менопауза се соочуваат со болеста остеопороза, калциумот се троши и така натака, не е битно тоа што сакам да го кажам...Маја вели дека треба да се вежба за да се наполнат коските а знаеме дека прво треба со разни препарати на ЦА или ибандроник ацид да се наполнат коските а после да се започне со лесна физичка активност...секое вежбање со тегчиња па и тие од 500 гр.ја оптоваруваат коската и може да дојде до оштетување и пукање. Со ова не се согласувам со нејзе, баш за лекување на остеопорозата. Имаш ли ти некое мислење за оваа болест пошто ете жени сме и кај да е Климе не чека;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Абе човек кога ке влезе во тие години мора од нешто да го наебе.
Најдобра превентива од страдање на коските во таа доба е да не се скока од високо.
 
Благодарам за превентивата ама јас барам малото да ни каже на нас жените(незнам ти кој курац бараш тука)за видови на исхрана по нејзин терк и од нејзина област:svirka
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
@Хоуп* кога веќе судиш дека е жена на околу 40 години колку и да имаш, немаш право да пишуваш такви работи. Вмровка била, во болница работела, син и бил полицаец... Секој со среќата, среќо. ;)
Треба да се има малце совест мислам јас..
Не ја бранам мистерија ја само пробав да се ставам на нејзино место. Многу невкусно!
Не можам јас да си вадам од ракав информации ако сама не се изјаснила дека е така. И не е невкусно воопшто ако некој препише нешто што ти сам си го напишал за себе, невкусно е да си на мое место и секој ден да се уклучуваш на форум и да гледаш по 100 начукани мислења што ми предизвикуваат болки во мозокот од нејзе и од тебе. Е ај сега ти стави се на мое место среќо...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
@malo го изгледав интервјуто со Маја Волк, навистина е права волчица, жената ме воодушеви....има само една работа што сакам да те прашам, затоа што не се согласувам со нејзината теза дека за остеопорозата е важно да се применува физичка активност и така се лечеле старите луѓе, со тегчиња итн. а никаква исхрана не спомна во борбата за оваа болест.
Коските мора најпрво во детство да се наполнат а знаеме како се трошат и зошто стануваат шупливи и порозни, да не ги набројувам сега сите фактори....Многу физички активни жени, спортистки, кога ќе влезат во менопауза се соочуваат со болеста остеопороза, калциумот се троши и така натака, не е битно тоа што сакам да го кажам...Маја вели дека треба да се вежба за да се наполнат коските а знаеме дека прво треба со разни препарати на ЦА или ибандроник ацид да се наполнат коските а после да се започне со лесна физичка активност...секое вежбање со тегчиња па и тие од 500 гр.ја оптоваруваат коската и може да дојде до оштетување и пукање. Со ова не се согласувам со нејзе, баш за лекување на остеопорозата. Имаш ли ти некое мислење за оваа болест пошто ете жени сме и кај да е Климе не чека;)
Коската самата има способност да се регенерира, но како што поминуваат годините, регенерацијата оди малку по споро. Организмот секогаш тежнее да се приспособи на околината, така и коските ако се изложуваат на напор со вежби, за да се приспособат, да можат да ја носат тежината, тие се зацврстуваат. Потребна е постојана физичка активност, не е исто да си цел живот физички активен и да почнеш кога ке ти се појават проблемите. Маја зборува за начин на живот кој што постојано треба да се практикува за да не дојде до таков проблем.
Без разлика на тоа колку калциум внесуваме, ако немаме физичка активност, коските ке бидат слаби.
Што се однесува до исхраната, од голема важност е да се избегаваат млечни производи пред се, бидејки калциумот од млекото создава контра ефект, за да не објаснам погрешно, еве едно предавање на таа тема, малку е подолго, ама ако имаш време изгледај го
Инаку за да се внесат потребните количини на калциум од растителна храна, доволно е да се јадат 2-3 суви смокви на ден. Смоквата содржи многу калциум кој многу лесно се сврзува и апсорбира. Секако, ако храната е разновидна, нема да има никаков проблем посебно со калциумот, го има скоро во секое растение.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misterija and Дејви

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
ммммм ух-ух...смоквите ги обожавам одобено свежите...нивната уникатна структура, од надвор затворени со текстура слична на змијската кожа, одвнатре сочни и исполнети со крцкава сензација и боја на страст што и пркоси на гравитацијата за да не експлодира нанадвор...неповторлив длабок вкус, глицни ги и ке осетиш имплозија во устата.
И слатко од смокви сакам многу особено оноа Гевгелиското што го викаат со зрели морски смокви полнети одвнатре со бадеми.

  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Не можам јас да си вадам од ракав информации ако сама не се изјаснила дека е така. И не е невкусно воопшто ако некој препише нешто што ти сам си го напишал за себе, невкусно е да си на мое место и секој ден да се уклучуваш на форум и да гледаш по 100 начукани мислења што ми предизвикуваат болки во мозокот од нејзе и од тебе. Е ај сега ти стави се на мое место среќо...
Еве јас ќе се ставам на твое место,среќо.
Како прво не би мавал на секое куче камен и би го пуштил караванот да продолжи.Ти се жалиш дека имаш проблем со натрупани мислења од некои членови од форумот,кои што не ти се допаѓаат и ти ствараат болка во мозокот!?Факт е дека ти е потребна замена,или целосно отстранување од тука.Штом си стигнала до степен да доживееш болака во мозокот,значи дека алармот се запалил.Зошто сакаш да декларираш членови од форумот,кои се и какви се,едноставно можеше во пп да им соопштиш тоа што ти теже на душата.Мое мислење е дека не е вкусно да "резилиш"членови,само затоа што тебе не ти се свиделе.Еве мене ми се свиѓат нејзините постови,што правиме сега?
Факт е дека може нешто неумесно да ни прелета на секој од нас,но одма не треба да се зема мило за драго.Ако викаме дека е виртуелно дружењето на дорумот,витуелно сваќај ги мислењата,тогаш мозокот ке ти биде помирен.