Ова е основната "алатка" на секоја религија. И е доста интелегентно, никој не се вратил од мртвите па да каже дали е вистина или не.
Мене една работа ме мачи. Како можете толку слепо да верувате дека има некој нов свет, некој друг после овој, кога сето ваше верување е излезено од книга? Нели ви е малку игнорантно и цинично да тврдите дека постои нешто после смртта и да судите некому (некаде и со живот плаќаат луѓето) ако некој не одлучил да го следи тој пат? Зошто се смета за грев ако некој одлучил да не ја следи книгата, затоа што е as a matter of fact книга, и да го живее животот по некое негово правило?
Луѓето се што трудат да ги следат правилата за да влезат во подобар afterlife, забораваат дека живеат сега, во сегашноста. Значи сегашноста која што ви минува, секој ден. И секој ден кога се поклонувате (не зборувам само за муслиманството, зборувам општо за сите религии), пропуштате да бидете живи денес. Заборавате да живеете денес, во потрага по живот после животот. И немате гаранција за живот после животот, книгата не е меродавна. Не е доказ.
Не ја вреѓам религијата и никако не инсинуирам нешто против истата. Ме интересира само човечко размислување на оваа тематика.
Селена, што мислиш ти што е разликата помеѓу мене и тебе?
Ти си жива денес, а јас не сум?!
Не би рекла... Да имаме гаранции во животов за многу работи, не би никој бил пропаднат, осиромашен, мизерен и слично.
Реков прееска, дека АЛЛАХ да сакал ние сите овие работи да ги знаеме и предвидиме, ние ќе сме биле сите ко нашите пратеници, стаповите во змии ќе ги претваравме и слично. Но,не. Аллах ги одбрал тие луѓе шо требаше да бидат и толку.
Да имал мојот другар гаранција дека цел живот ќе стоел на нозе, дека нема да боледува од параплегија, после доживеаната несреќа, денес ќе беше човек исправен, немаше да се качи во кола тој ден, а не во количка и да плаче и паѓа во депресии сега.
За некои работи не можеме да бараме гаранции, едноставно е...
Мене ме исполнува кога слушам некоја иллахија, срцево ми го полни...
И ЕДНО НЕШТО БИТНО: Не мораме да веруваме во Господ, само кога ќе ни испрати тој некоја лоша случка,кога ќе ни одземе некој и слично, за да не потсети на неговото постоење, тогаш да кукаме кај него
Господ е ваков, господ е таков...