Зошто тргнуваш од верувањата, смртта, раѓањата...? Пробај малку инаку да ги гладаш работите. Не е тоа никакво искушение. Најтешкото искушение е да станеш човек. Верник (ма во што и да е, не само во одредена религија) да се стане е лесно. Поверував во прикаската раскажана, препишана, модифицирана, сечена, лепена...монтирана. И готово верник сум. И што со тоа?
Малку од нив знаат што е човек. Многумина тоа го чувствуваат и затоа умираат полесно. Животот на секој човек е пат кон самиот себе си, обид на еден пат, наговестување на една патека. Никогаш еден човек не бил целосно тој самиот, но секој се стреми да стане тоа, некој подмолно, некој појасно, секој како што знае и умее. Секој ги носи со себе до крајот на животот остатоците од своето раѓање, слузта и черупката на еден прасвет. Некој не станува човек никогаш туку останува жаба, останува гуштер, останува мравка. Некој е човек горе, а долу е риба. Меѓутоа секој е истрел на природата насочен кон човекот. Сите нам ни е заедничко потеклото, мајките, сите потекнуваме од ист вруток, но секој, како обид и истрел од длабочина, се стреми кон својата сопствена цел. Ние можеме да се разбереме еден со друг, но секој од нас може да се протолкува себе си.
Та зарем ни се потребни книги, философии, заповеди, богови.... за да нашите погледи, наместо кон другите, кон надвор, кон некои си божества, ги свртиме кон себе си. Да погледнеме кон спствената есенција, кон сопствената душа. Да го пронајдеме во себеси и божјото и демонското. Зарем сопствените доблести треба да ги градиме поради стравот од “натприродното“ или поради ветената награда? Ако некој го прави поради таа причина не сфатил што е животот и што е човек.