Религијата е вистинска или не?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дека ќе преминеш така лесно од Суада во Мартина... не верувам :) Верувањата може да си ги имаш какви сакаш, ама припадноста... не те пуштаат така лесно да станеш од Фатиме во Ивана.

Овде гледам контрадикции. Првин велиш Алах (со едно ќе го пишам оти ме нервира со две л) не дозволува да му се мешаат смртници, па одма после тоа луѓето си дозволуваат да му се мешаат?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Svetiot Duh and Abraxas

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008

Јас ете верувам дека можам да преминам и од Суада во Мартина, бидејќи напорно ќе работам на тоа после кога ќе преминам од овој свет, во другиот некако да сведочам дека сум муслиманка, како Мартина. Ќе се помачам ете.
Не знам оти те нервира Аллах со две л? ...еве, уби ме не сфаќам :)
Ќе ти објаснам Аллах ни дал на нас луѓето слободна воља...
Затоа велам дека тој не дозволил, туку луѓето ние премногу си дозволуваме.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас ете верувам дека можам да преминам и од Суада во Мартина, бидејќи напорно ќе работам на тоа после кога ќе преминам од овој свет, во другиот некако да сведочам дека сум муслиманка, како Мартина. Ќе се помачам ете.
Не знам оти те нервира Аллах со две л? ...еве, уби ме не сфаќам :)
Ќе ти објаснам Аллах ни дал на нас луѓето слободна воља...
Затоа велам дека тој не дозволил, туку луѓето ние премногу си дозволуваме.
Ме нервира оти полесно ми е да напишам Алах, не за друго.

Чекај чекај. За какви светови станува збор? Какви преминувања? Какво сведочење?
Не те разбрав баш најдобро ама претпоставувам станува збор за задгробен живот.

Тоа со слободната волја и бог кој е семоќен и сезнаен не оди баш заедно.

Да речеме Петко е создаден од Алах. Алах е семоќен и сезнаен. Тогаш значи дека секоја акција на Петко е дело на Алах и тој веќе знае сѐ што ќе направи Петко уште пред да постои Петко. Слободна волја мај ез.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
А, зошто ние му се мешаме на Аллах и во Аллаховите работи, кој фактор сме ние...
Кој тоа ни го дозволува?!
Ние тоа не го смееме.
Ништо не е случајно :)
А зошто некој би требало да ни дозволи да преиспитуваме и да бидеме скептични? Зошто слепо да следиме нешто кое можеби е заблуда, лага или погрешна интерпретација?
 
Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Ме нервира оти полесно ми е да напишам Алах, не за друго.

Чекај чекај. За какви светови станува збор? Какви преминувања? Какво сведочење?
Не те разбрав баш најдобро ама претпоставувам станува збор за задгробен живот.

Тоа со слободната волја и бог кој е семоќен и сезнаен не оди баш заедно.

Да речеме Петко е создаден од Алах. Алах е семоќен и сезнаен. Тогаш значи дека секоја акција на Петко е дело на Алах и тој веќе знае сѐ што ќе направи Петко уште пред да постои Петко. Слободна волја мај ез.

Во ред, тоа е твој избор и моеш као милуваш да го напишеш и изговориш.
Оди заедно, ама ти некои работи не сфаќаш. Ќе морам и тука да ги објаснувам. :)
Не знам ти во што веруваш и како веруваш, но ќе ти кажам како настанала земјава, ние и Иблисот.
Пошто е многу битно тоа да се знае најпрво, па да се разберат оние работи, слободната воља и останато.
Аллах ги створил Адем и Ава, Адем го створил од кал, а Ава од едното ребро на Адем...
Тогаш Аллах им рекол на неговите мелеци да му паднат на сеџда на Адем, сите други мелеци знаеле кој мелек ќе го негира неговото постоење и нема да сака да падне на сеџде, и Аллах кога му рекол на неговата десна рака, мелекот, створен од ОГАН, најубав, најмоќен мелек од сите останати, да падне на сеџда...
Мелекот одговорил, дека тој не паѓа на сеџде за некој човек створен од кал, дека тој има моќ, има сила, има се што посакува, дека е скоро на исто ниво со АЛЛАХ. Аллах, тогаш три пати го проколна и го стори Иблис. Тогаш возврати Иблисот исто како што му се заканил на Аллах, дека ќе направи се само да преминуваат луѓето во негова страна, а не од страната на Аллах. А, Аллах рече:„Јас ќе им го дадам к*р`анот, ќе им дадам нур во душата, а тие ќе си го одберат патот, дали ќе одат по мојот или по твојот, само му рече ќе те замолам да не се мешаш во моите Аллахови работи, а јас вели, нема да се мешам во твоите шејтански. Елхамдуллилах, им ја давам слободната волја. Патот по кој чекорат нека им биде слободна воља.
Во еден друг дел ни вели Аллах, дека судбина ни е само денот кога се раѓаме, кога се мажиме/жениме, колку деца имаме и кога умираме. Толку.
Така Иблисот, ја насамарил Ава, женско као женско, го гризна јаболкото, остај што таа го гризна јаболкото, го натера и Адем на грев.
Тогаш Аллах, пошто биле на џеннетот, ја створил оваа планета Земја, пуштил вода и ваздух, природа, ги оставил Адем и Ава доле и го затворил Џеннетот.

Ова го раскажувам по дессети пат по форумиве и ќе ве замолам да се воздржите од негативни коментари.:)

Е сега, секоја акција на Петко не е на Аллах, туку тука е замешан Иблисот само. А Петко одлучува по кој пат ќе иде, пошто ја има слободната воља.
Но, не мора да значи дека акциите на Петко, па, АЛЛАХ не ги гледа и не знае за нив.
Убо си го кажа, дека знае :svirka Аллах е сезнајко.
 
Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
А зошто некој би требало да ни дозволи да преиспитуваме и да бидеме скептични? Зошто слепо да следиме нешто кое можеби е заблуда, лага или погрешна интерпретација?
Си ја имате слободната воља, никој не ве тера на ништо. :)
Куранот вели дека ова е само еден лажовен свет, една илузија, во овој свет сме пуштени на искушение, а во другиот ќе бидеме вечно, ако ме прашуваш мене, јас би ти кажала дека сме овде и сега, само за да си обезбедиме поубаво место во Џеннетот. Што подобри сме и помалку гревови имаме, толку поубава скала во џеннетот, а ги има седум.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Убава приказна. Имам еве одма неколку прашања.
Што ако некој не го одбере Алах? Кој ќе му суди и што ќе му се случи?
 
Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Убава приказна. Имам еве одма неколку прашања.
Што ако некој не го одбере Алах? Кој ќе му суди и што ќе му се случи?
Не знам тоа, ќе ги прашаш оние коа ќе преминеш од овој свет, во другиот, коа ќе ти се суди. Бидејќи тогаш јазикот и очите ќе говорат наместо тебе и целиот твој живот ќе го раскажат, ќе ги кажат и овие моменти и напишано, кој ти сигурно ќе ги заборавиш до тогаш...
Но во тој миг ќе ти текне и ќе се прашуваш што си направил...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не знам тоа, ќе ги прашаш оние коа ќе преминеш од овој свет, во другиот, коа ќе ти се суди. Бидејќи тогаш јазикот и очите ќе говорат наместо тебе и целиот твој живот ќе го раскажат, ќе ги кажат и овие моменти и напишано, кој ти сигурно ќе ги заборавиш до тогаш...
Но во тој миг ќе ти текне и ќе се прашуваш што си направил...
Ахам. А ова приказната со очите и раскажувањата го кажале истите тие кои ќе ми одговорат на прашањето на кое ти не ми одговараш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Ахам. А ова приказната со очите и раскажувањата го кажале истите тие кои ќе ми одговорат на прашањето на кое ти не ми одговараш?
Би требало да се истите, евентуално сега да ги смениле, бидејќи не знам јас што се случува на небесата... :)