Религијата е вистинска или не?

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Човештвото започнало во една златна доба во која човекот бил безгрешен, живеел среќно и мирољубиво во блиска заедница со Бог и бил слободен од болест и смрт. Иако деталите може да се разликуваат, истиот концепт, според кој некогаш постоел совршен рај, се наоѓа во списите и легендите на многу религии.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Човештвото започнало во една златна доба во која човекот бил безгрешен, живеел среќно и мирољубиво во блиска заедница со Бог и бил слободен од болест и смрт. Иако деталите може да се разликуваат, истиот концепт, според кој некогаш постоел совршен рај, се наоѓа во списите и легендите на многу религии.
Ако човекот живее во златно доба, среќен без болести и бесмртен, зарем му треба религија тогаш!??
Религијата настанала уште во првобитната човекова заедница во обид да ги објасни некои појави кои се случувале не по негова воља, како земјотреси, громови, поројни дождови идр.
Човечката смрт е најбитна за опстанокот на религијата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Но секоја религија има сопствени критериуми за тоа што значи да си "добар" човек. Што значи, од религиски аспект, секој само за себе ќе тврди дека е добар и дека неговата религија е вистинска.
ДА ама дали ги применува во својот живот, на пр. „Сакај го својот ближен како себеси“ А „Кој е мојот ближен?“Како одговор, Исус му ја раскажал споредбата за милосрдниот Самарјанин.Еден Евреин бил претепан, ограбен и оставен да лежи полумртов. По истиот пат минувал еден израелски свештеник, а потоа и еден левит. Наместо да му притрчаат на помош, тие бездушно го одминале. За разлика од нив, на овој човек му помогнал еден Самарјанин, иако во тоа време владеело големо непријателство меѓу Евреите и Самарјаните.Со оваа споредба, Исус нѐ поучил дека треба да ги сметаме сите луѓе за наши ближни, без разлика на нивната националност или култура. Исто така, учиме и дека треба да покажуваме љубов и сочувство кон нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Сигурен сум дека ти е позната поговорката - Патот до пеколот е поплочен со добри намери.
Ако вистината ја асоцираш единствено со она што го сметаш за добронамерно, тогаш ти однапред одлучуваш што таа не смее да биде, а тоа најчесто води до заблуди.
Што правиме со пораката што христијанството ја праќа дека човекот се раѓа грешен и дека треба да се кае за да му биде простено? Дали знаеш колку е тоа совршено за создавање грижа на совест и манипулација?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Човештвото започнало во една златна доба во која човекот бил безгрешен, живеел среќно и мирољубиво во блиска заедница со Бог и бил слободен од болест и смрт. Иако деталите може да се разликуваат, истиот концепт, според кој некогаш постоел совршен рај, се наоѓа во списите и легендите на многу религии.
Зошто тогаш Бог со својата сезнајност не ги предвидел особините поради кои се нарушила таа безгрешност и со својата семоќност не ги спречил истите?
 
Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
А, зошто ние му се мешаме на Аллах и во Аллаховите работи, кој фактор сме ние...
Кој тоа ни го дозволува?!
Ние тоа не го смееме.
Ништо не е случајно :)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А, зошто ние му се мешаме на Аллах и во Аллаховите работи, кој фактор сме ние...
Кој тоа ни го дозволува?!
Ние тоа не го смееме.
Ништо не е случајно :)
Дали ова е суптилно признание дека Аллах не е семоќен? Ако Аллах дозволува обични смртници да може да му се мешаат во „Аллаховите работи“ тогаш се губи семоќноста. :)

Исто е и за рисјани кога даваат ваква изјава само наместо Аллах има ГоспоТ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Од друга перспектива

Член со 30 казнени поени
22 јануари 2016
57
18
1,008
Дали ова е суптилно признание дека Аллах не е семоќен? Ако Аллах дозволува обични смртници да може да му се мешаат во „Аллаховите работи“ тогаш се губи семоќноста. :)

Исто е и за рисјани кога даваат ваква изјава само наместо Аллах има ГоспоТ.
Вака сега, пишав дека ништо не е случајност. Тоа значи дека сето ова го предвидел Аллах, а зашто го дозволил, јас тоа не би знаела да ти кажам.
Зошто?!
Затоа што Аллах, не ни ја дал таа способност за ние да знаеме зошто е тоа така. Но, не упатува да речам така, преку светите книги, по малку. Чисто колку да си знаеме ние кај сме и што сме и како сме дошле на овој свет и која е целтата.
АЛЛАХ У ЕКБЕР. АЛЛАХ, е единствен и само него треба да го обожуваме, тој е семоќен.
Аллах не дозволува да му се мешаат „обичните смртници“, туку ЛУЃЕТО си го дозволуваат тоа, луѓето се тие што си дозволуваат премногу. Бидејќи се ќафири (неверници), Како и да е, погрешно си ме протолкувал/a, веројатно или така ти се чини само.
И на крај, дали Аллах, дали ГоспоТ или БОГ... Еден е тој Аллах, со различни имиња.
Јас можам да преминам од друга перспектива, во Суада или Албина, па и во Трајанка.
но истата ќе си останам, со истите верувања, со сите мои ставови, карактер и слично.