Првата вечер беше фино, убаво поминавме горе долу ама втората беше надреална
Пошто ме истролаа за втората вечер во пет после дванаесет виа смс, си останав во раскорак како Јиржи Дудек шо бранеше за Ливерпул, немаше многу опции транспортот не работи тоа време, нема време за договарање со други, роџаци си имаа договорено однапред а не чини чоек да се појавува непоканет.... и си останав со два пензионери, маж и жена на околу 80 години
па ајде демек варена ракија се сомневам дека беше шпиритус и муабети за ` вријеме рата и порача`, се изнаслушав за разликите меѓу Милтон и Јанаки (првиот бил пофраер) за старио театар, некои роми и некои коњи и нешто кога дошол Тито во градот
Немав шо да придонесам многу во тој муабет освен повремени климнувања со глава и општи изјави, среќа керозинот почна да делува и впечатокот дека ќе влезат партизани со патерици и пушка-крагуевка во собата почна да бледнее