Јас верувам дека и растенијата чувствуваат, во ред е сето тоа, се согласувам затоа и сум против јадење на никулци, мене многу вегани ми се смееле за ова, но јас не јадам млади растенија баш поради таа причина. Единствено што убивам се коренчињата, но утешително е тоа што ги јадеме одкако ке созреат, односно, кога во нив завршуваат сите биолошки процеси. Тогаш дури и да не ги изедеме тие ке се исушат на ден-два. Сето останато се листови, плодови и семки, за листовите немам оправдување, ги јадам бидејки морам, а кога се берат плодовите, растението не чувствува болка, всушност за тоа и се наменети плодовите, за да одделат од растението, да бидат изедени или изгниени и да ја ослободат семката.
Чудно е што тука некои луѓе зборуваат за чувствата на растенијата, а од друга страна на темите за абортус, негираат дека плодот во утробата е живо суштество и дека има чувства.
Чудно е што тука некои луѓе зборуваат за чувствата на растенијата, а од друга страна на темите за абортус, негираат дека плодот во утробата е живо суштество и дека има чувства.